Медведев: Многу е веројатно дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО, третата светска војна е сè поблиску

July 12, 2023
1 min read

Украина можеби никогаш нема да биде примена во НАТО, Алијансата едноставно се плаши гласно да го каже тоа, вели Медведев

Зголемувањето на воената помош за Украина од страна на НАТО ја приближува третата светска војна, вели Дмитриј Медведев, заменик-секретар на моќниот руски Совет за безбедност со кој претседава претседателот Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи го првиот ден од самитот на Алијансата во Литванија, каде што голем број земји ветија поголема вооружена и финансиска поддршка, Медведев рече дека помошта нема да ја одврати Русија да ги постигне своите цели во Украина.

Медведев вели дека е многу веројатно Украина никогаш да не влезе во НАТО.

„Украина можеби никогаш нема да биде примена во НАТО, Алијансата едноставно се плаши гласно да го каже тоа. Сè е како што мислевме. Акцискиот план за членство на Украина во Алијансата – укинат. Но, ќе ја примат – не се знае кога и под кои услови. Многу веројатно – никогаш. И тоа е она што реалистите во Алијансата се плашат да го кажат гласно“,

пишува Медведев на Телеграм.

Според него, намерата на земјите од НАТО да ја зголемат воената помош за Киев е всушност ќор-сокак.

„Да се зголеми воената помош за режимот во Киев со сè што е можно: ракети, касетна муниција, авиони. Сосема полудениот Запад не можеше ни да смисли ништо друго. Предвидливост од највисоко ниво, до идиотизам. Фактички – ќор-сокак. Трета светска војна е сè поблиску“,

вели Медведев.

Тој додаде дека руската специјална воена операција ќе продолжи, а нејзините цели ќе останат исти.

Денеска и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по одлуката на Пентагон да испрати касетна муниција за потребите на украинската армија, изјави дека овој потег на администрацијата на Бајден води кон трета светска војна и дека неексплодираната касетна муниција ќе убива и осакатува украински мажи, жени и деца во децениите кои доаѓаат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општината Кисела Вода доби казна од 90 000 евра за непрописно одлагање на отпадот пред депонијата „Дрисла“

Следно

Мишел: ЕУ е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop