Општината Кисела Вода доби казна од 90 000 евра за непрописно одлагање на отпадот пред депонијата „Дрисла“

July 12, 2023
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, обвинува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вршела силен притисок врз градските инспекциски служби да ги казнат општините

Општина Кисела Вода ќе треба да плати 90 илјади евра за непрописно одлагање отпад пред скопската депонија „Дрисла“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека за ваквиот небулозен потег на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дознал преку медиумите и дополнува дека градските инспекциски служби биле под жесток притисок да ги казнат општините кои пред три дена сами ги чистеа отпадот од улиците и контејнерите, а повеќе детали најави дека ќе соопшти на денешната прес-конференција закажана за во 12 ч.

За потсетување, по комуналниот крах на Скопје поради штрајк на вработени во јавното претпријатие, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се самоорганизираа и почнаа со чистење на општините со кои раководат.

Меѓу нив и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кои со камионите со смет од нивните општини се упатија кон депонијата „Дрисла“ и оттаму преку пренос во живо обвинија дека не им се дозволува да го депонираат ѓубрето.

Градоначалникот Муцунски тврди дека безброј пати го побарал директорот на „Дрисла“, но тој не одговорил на неговите повици.

„Имаме опција ѓубрето да го вратиме во градот Скопје, бидејќи на ниту една општина не и е дозволено ѓубрето да влезе во ’Дрисла’ – депонија за која сите имаме уредни договори. Подготвени сме да платиме, иако немаме обврска за тоа. Помеѓу опцијата да го вратиме ѓубрето во градот и да е предмет на потенцијална зараза, ние одбираме друга опција“,

рече Муцунски во јавување пред капијата на „Дрисла“.

Градоначалникот на Кисела Вода дополни дека повеќе од час и половина не им било дозволено да го депонираат отпадот внатре во „Дрисла“, по што, како што рече тој, на своја одговорност, двајцата градоначалници одлучиле да го истоварат сметот пред депонијата.

„Нашите вработени ќе го одложат ѓубрето овде, пред ’Дрисла’, на цела одговорност на Тимчо и моја лично. Ние стоиме зад ова затоа што не можеме да дозволиме градот и нашите општини да тонат во ѓубре. Жалам што некој нема разумност во овие моменти да ја отвори капијата и да дозволи да влезат камионите и покрај тоа што реагиравме и до Управниот одбор и до директорот. Тие што се одговорни на смена се сокрија, односно добија наредби да не се појавуваат тука, така што ние друга опција немаме“,

кажа Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЖИВОТОТ НА ОХРИД ПРЕД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НИЗ ФОТОГРАФИИТЕ НА ЈОНЧЕ ПОП СТЕФАНИЈА, ДЕЛА СО ГОЛЕМА УМЕТНИЧКА И ДОКУМЕНТАРНА ВРЕДНОСТ

Следно

Медведев: Многу е веројатно дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО, третата светска војна е сè поблиску

Latest from Blog

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат
Go toTop