Песков: Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на ЕУ

July 11, 2023
1 min read

Според Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа

Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската Унија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО.

Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Запад.

„Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во нејзината историја имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди со помал интензитет“,

рече Песков на брифинг со новинарите.

Според Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа.

„Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила“,

додаде Песков, алудирајќи на деценискиот отпор на ЕУ кон членството на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера неочекувано ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ.

Тој рече дека Европската Унија треба да го отвори патот за Турција да влезе во ЕУ пред турскиот парламент да го одобри приемот на Шведска во НАТО, но европските лидери рекоа дека не можат да ја прифатат таа поврзаност.

Откако Анкара го отвори патот на Шведска за влез во НАТО, Шведска одговори дека активно ќе го поддржи турскиот процес за пристапување во Европската Унија.

Песков рече дека Русија разбира оти Турција, како членка на НАТО, мора да го стори тоа, додавајќи дека Москва сака да продолжи да гради заемно корисни односи и покрај „сите несогласувања“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: „Погрешна е одлуката на Франција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел“

Следно

Трамп бара судењето за прикривањето на доверливи документи да биде по претседателските избори во САД

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop