Фон дер Лајен: ЕУ привлече речиси 100 милијарди долари инвестиција во индустријата за полуспроводници

July 7, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија привлече инвестиции во вредност од над 90 милијарди евра (98 милијарди долари) во индустријата за полуспроводници откако беше објавен нејзината историска легислатива, изјави денес шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува Анадолу.

Фон дер Лајен го изјави ова додека зборуваше на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар Де Кро за време на нивната посета на седиштето на Интеруниверзитетскиот микроелектронски центар, непрофитна организација за истражување и развој специјализирана за нанотехнологија, во Лувен, Белгија.

„Најавени се повеќе од 90 милијарди евра индустриски инвестиции во Европа откако извршното тело на ЕУ предложи Акт за европски чипови во февруари 2022 година“, истакна Фон дер Лајен.

Таа изјави дека иако законот ќе стапи на сила до есен, тој праќа многу моќна порака и дава конкретни можности бидејќи компаниите најавиле различни нови потфати низ ЕУ, вклучително Италија, Ирска и Франција.

Исто така, таа наведе примери за инвестиција од 12 милијарди евра (13 милијарди долари) во постројка за пакување и тестирање на полуспроводници во Полска и уште 30 милијарди евра (32,6 милијарди долари) за две први фабрики од таков вид во Магдебург, Германија.

Фон дер Лајен истакна дека полуспроводниците се од суштинско значење за нивната зелена и дигитална транзиција и дека нивната економија не би функционирала без чипови.

Таа, исто така, нагласи дека блокот мора да ја намали својата зависност од неколкуте набавувачи од Источна Азија како дел од својата стратегија за отфрлање на ризикот од синџирите на снабдување преку промовирање дизајн, тестирање и производство во Европа.

Со канализирање на јавни и приватни средства во индустријата, ЕУ има цел да го зголеми својот глобален пазарен удел на полуспроводници од 10 на 20 отсто до 2030 година преку европскиот закон за чипови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР го потврди пукањето врз таткото на исчезнатиот Самоил

Следно

Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци 07.7.2023

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop