Велика Британија најави нови санкции против Иран

July 7, 2023
1 min read

Велика Британија најави нови санкции против Иран, насочени кон оние кои учествуваат во носењето одлуки, од кои некои се вклучени во трговијата со оружје и им се закануваат на британските државјани, пренесува Ројтерс.

„Денес, Обединетото Кралство испрати јасна порака до режимот: нема да толерираме такво однесување и ќе мора да одговарате. Благодарение на нашиот нов режим на санкции, оние кои сакаат да ни наштетат повеќе нема да имаат каде да се кријат,“

рече британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Сегашниот режим на санкции против Иран се фокусира на човековите права, но со новите предлози ќе се прошири опсегот на критериуми. Според новиот режим, кој треба да биде усвоен оваа година, поединци и компании ќе подлежат на санкции доколку придонесат за загрозување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток и другите земји.

Според новите критериуми, санкциите можат да бидат насочени и кон оние за кои Британија тврди дека учествуваат во иранските обиди да ја загрозат демократијата и владеењето на правото во Обединетото Кралство, како и во активности насочени против британскиот народ и имотот или британските сојузници.

Велика Британија тврди дека Иран се обидел да киднапира, па дури и да убие британски државјани или поединци кои живеат во Британија најмалку 15 пати од почетокот на минатата година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иван Перишиќ прави сензационален трансфер во Хајдук

Следно

Продолжува расправата во грчкиот Парламент за доверба на Владата

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop