Продолжува расправата во грчкиот Парламент за доверба на Владата

July 7, 2023
1 min read

Во девет часот утрово продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата на Нова демократија, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција, како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден, освен пратениците, ќе говорат и министрите, кои детално ќе ги објаснат нивните програми за следните четири години.

Гласањето доверба на Владата е закажано за утре вечер.

Вчерашната речиси осумчасовна расправа што траеше до еден часот по полноќ, започна со говор на Кирјакос Мицотакис, кој ја претстави владината програма, по што следеа обраќања на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, претседателот на ПАСОК, генералниот секретар на Комунистичката партија и лидерите на Спартанци, Грчко решение, Победа и на Курс на слободата.

Опозициските партии ги претставија нивните позиции и ставови за одредени теми, кои за секоја од нив претставуваат приоритет рекоа дека нема да ѝ дадат доверба на Владата и ги образложија нивните аргументи.

Од осумте партии што се дел од Парламентот, три првпат обезбедија место и првпат вчера имаа можност да се обратат пред пратениците.

Грчкиот премиер, како што вчера објави МИА, детално ја опиша програмата, мерките и иницијативите што новата Влада ги планира за следните четири години во речиси сите области, образованието, здравството, општествените прашања, одбраната, енергетиката итн.

Меѓу другото најави: намалување на невработеноста на осум отсто во следните четири години, предвремено исплаќање на заемот од првиот меморандум, враќање на инвестицискиот степен до крајот на годинава, намалување на даноци, намалување на јавниот долг, зголемување на минималната и просечната плата.

Пратениците утре вечер ќе гласаат доверба на Владата, а Нова демократија со 158 пратеници го има неопходното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Велика Британија најави нови санкции против Иран

Следно

(ВИДЕО) Не сум целосно сигурен во безбедноста на мостот „Беласица“- ниту дали се направени сите неопходни истражувања, вели деканот Марковски

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop