Во обид да ја вратат струјата во селото, жители од Слупчане предизвикале огромен дефект кој оставил без струја три соседни села

July 6, 2023
1 min read

Жители од селото Слупчане, како што информира ЕВН во официјално соопштение, насилно влегле во енергетски објект во припадност на „Електродистрибуција“ обидувајќи се сами да го вратат напојувањето со струја во селото. Наместо да ја вратат струјата, предизвикале уште поголем дефект кој без електрична енергија оставил три соседни села

Жителите од липковско Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска останаа без струја.

Причината, како што информира ЕВН во официјално соопштение, е поради голем дефект кој го предизвикале жители од соседно Слупчане, кои насилно влегле во енергетски објект во припадност на „Електродистрибуција“ обидувајќи се сами да го вратат напојувањето на струја во селото.

Наместо да ја вратат струјата, тие предизвикале уште поголем дефект кој ги оставил без доток на електрична енергија трите соседни села. Ваквите манипулации од страна на нестручни лица, велат од ЕВН, се крајно небезбедни и може да имаат трагичен крај со смртни последици.

„Екипите на ‘Електродистрибуција’ не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов одземаат многу време да се санираат“,

велат од ЕВН.

Во официјалното соопштение ЕВН додава дека жителите на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски – да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

„Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти“,

велат од ЕВН.

Доцна синоќа, жители на липковското село Слупчане запалија гуми на влезот од селото блокирајќи го пристапот до него. Според информациите што синоќа ги објавија дел од медиумите, „ЕВН хоум“ ја исклучила електричната енергија и селото, а тоа е причина за блокадата на патот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската полиција заплени 250 килограми тутун кој се шверцувал од Северна Македонија

Следно

„Израелските сили со задоволство убиваат деца“, му рече новинарката на Би-би-си на поранешниот израелски премиер

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop