(ФОТО+ВИДЕО) За Герасимовски жените се „понежен пол“, Тренчевска му врати дека има и „нежни мажи“

July 5, 2023
2 mins read

Министерката Тренчевска и градоначалникот Герасимовски раскажаа лични приказни на настанот „Остави трага“, со цел да ги поттикнат младите на општествено учество и да ја подигнат свеста за еднаквоста. Но, Герасимовски во своето излагање, зборувајќи за женитe неколку пати кажа „понежниот пол“, на што му забележа Тренчевска со барање да не генерализира. Потоа, тој се извини

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги раскажаа своите лични приказни на настанот„Остави трага“, посветен на младите, со цел да ги поттикнат на зголемено општествено учество и да ја подигнат свеста за еднаквоста во општеството.

Тренчевска рече дека нејзината лична приказна почнува во Струмица, каде растела во многудетно семејство со четири ќерки. Првото вработување ѝ било на 21 година, во приватниот сектор, а после 8 години се префрлила во граѓанскиот сектор, каде работела на теми од областа на родовата еднаквост во општество, кое го нарече „црно-бело“. Тоа пак, подоцна ѝ ги отворило вратите до Министерството за труд и социјална политика, во одделението за родова еднаквост.

„Мојата цел беше да работам на заштитата на човековите права. Преку граѓанскиот сектор ми се овозможи тоа, но многу повеќе преку Министерството за труд и социјална политика. Работам 21 година во МТСП и буквално скала по скала доаѓам на позиција погоре. Започнав како советник, отидов раководител на одделение, па државен секретар, директорка на Државниот инспекторат за труд и сега министерка, што ми дава можност да сето она што го чувствувам, на коешто сум посветена, не ми е наметнато однадвор, тоа се моите вредности со кои живеам, да можам да ги реализирам преку разни политики и мерки“,

раскажа Тренчевска.

Градоначалникот Герасимовски кажа дека сите програми за работа и службите во Општината се родови балансирани и во самата општина функционира интерсекторска група која работи на прашања на родовата еднаквост. Тој посочи и дека откако е на функција, голем дел од приватните обврски паднале на товар на неговата сопруга.

„Еве, можеби ова е совршена пригода и јас да и се заблагодарам на мојата сопруга и да го искажам мојот восхит кон неа, која еве веќе две години неуморно ја извршува и мојата улога многу повеќе од претходно, општо со сите приватни обврски“,

кажа градоначалникот.

Герасимовски посочи и дека машката половина е побројна во фамилијата и дека има и два сина.

„…Во делот на општината и нашата, мојата грижа за понежниот пол, говорев и на минатиот настан, а тука се дел од нашите колешки и директорки. Немаме директори ниту во градинките, ниту во училиштата, за жал. Бројот на нашите колешки е многу поголем во општина, вклучувајќи ги и раководните позиции. Ние сме една од малкуте општини кадешто понежниот пол има и повеќе и подобри позиции во општината, освен градоначалничкото место“,

кажа првиот човек на Општина Центар.

Министерката Тренчевска му возврати дека терминот „понежниот пол“ е стереотип.

„Имаме нежни жени, нежни мажи и обратно и затоа не треба да генерализираме“,

кажа Тренчевска по што Герасимовски се извини.

Настанот „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ се одржа попладнево во паркот на Франкофонијата во Скопје. Покрај панел-дискусии со повеќе говорници од различни области, имаше и музички точки, додека дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, изготвија уметнички дела на платно.

Оав е само еден од серијата настани кои се однесуваат на младите, ќе ги спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политик, со поддршка на Европската Унија и Совет на Европа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите знаат дека Елмас е вонсериски талент за фудбал, а само малкумина дека Елиф е роден ММА борец: Волшебник на теренот, „ѕвер“ во октагонот! (ВИДЕО)

Следно

Бајден разговара со премиерот на Шведска за влез на земјата во НАТО

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop