Како нас ова време нè направи чудовиште и како ние сме чудовишта кон одредени лица, е темата на „Франкенштајн“, нова претстава во Театарот за деца и младинци

July 5, 2023
1 min read

Како нас ова време нè направи чудовиште, како ние сме чудовишта кон одредени лица, или како ние како општество се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат свој глас е тамата на „Франкенштајн“, нова претстава во Театарот за деца и младинци (ТДМ) чија премира е закажана за утре, на 6 јули, во 20 часот.

„Франкештајн“ е младнска претстава и е наменета за возраст над 14 години. Работена е според истоимениот роман од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ од Србија. Драматизацијата на претставата е на Димитрије Коканов од Србија и Драгана Лукан Николоски.

фото: Театар за деца и младинци

Како што посочи на денешната прес-конференција директорката на театарот Катарина Илиевска Силјановска, претставата претставува едно модерно читање на романот на Шели и се занимава со темата за создавањето на чудовишта во секојдневието и општото прифаќање на нив.

Ова е прва наша премиера на младинска претстава годинава. Се обидуваме секогаш да направиме нешто поразлично од претходното. И оваа претстава ќе биде некој новитет, иновација, рече Илиевска Силјановска.

Режисерот Кокан Младеновиќ рече дека поводот на претставата е да се раскаже приказната од нашето време – како нас ова време не прави чудовишта и зошто се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат глас. Претставата е гласот на сите оние кои се дискриминирани.

Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време. Кого го дискриминираме и зошто. Кого го отфрлуваме, кои групи во општеството се дискриминирани и кон кого сме најмногу агресивни само затоа што се разликува од нас по изгледот, вера, нација, сексуално определување. Ова е повод да се каже приказната од нашето време, во врска со тоа како нас ова време не направи чудовиште, како ние сме чудовишта кон одредени лица, или како ние како општество се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат свој глас. Па, еве, ние ја земавме таа слобода да бидеме гласот на сите оние кои се дискриминирани, преку оваа претстава, рече режисерот на прес-конференцијата.

Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време, вели режисерот Кокан Младеновиќ

Актерите посочија дека преку оваа претстава се отвораат теми за кои сметаат дека е значајно да се зборува, а акцентот е ставен на општествено социјални можности за дискриминација по сите основи.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанкевска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

Сценографијата е на Кирил Василев, костимите на Александра Пециќ-Младеновиќ, музиката на Лука Кантарџиев, а кореографијата на Олга Панго.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ФОТОГРАФОТ И ПИСАТЕЛ Д-Р ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ

Следно

Гијом Феј и палењето на Франција

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop