Косовската опозиција ја прекинува комуникацијата со премиерот Курти и претседателката Османи

July 4, 2023
1 min read

Најголемата парламентарна опозициска партија на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) соопшти денеска дека, поради санкциите кои Европската унија и САД ги воведоа кон државата, целосно ја прекинува комуникацијата со владата на Албин Курти и со претседателката Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред медиумите по денешната седница на Управниот одбор на ПДК, партискиот лидер, Мемли Красниќи побара да се одреди датум за предвремени избори, било преку оставка на премиерот Курти, или преку распуштање на Собранието на Косово.

ПДК, најави Красниќи, ќе го бојкотира Собранието и нема да гласа на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор предложени од властите.

-Што поскоро да се објави датумот на предвремени општи избори, било преку оставка на премиерот Курти, било преку распуштање на Собранието. Од денеска нема да гласаме на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор, затоа што ситуацијата не е нормална и ние не можеме да симулираме нормалност, изјави Красниќи.

Секој вид комуникација со Курти и претседателката Османи, порача опозицискиот лидер, се прекинува, „освен за вонредни ситуации, или за разговори околу одржувањето предвремени парламентарни избори“.

-Косово е изолирана и санкционирана држава и заради нивна вина (на Курти и Османи) е влезено во ист ред со Белорусија, Русија, Молдавија и Република Српска, рече Красниќи, порачувајќи дека „на Косово му е потребно сеопшто движење за да го запре уривањето што го врши Курти“.

ЕУ во саботата, на 1 јули, соопшти дека влегле во сила казнени мерки кон Косово поради непреземањето дејствија за средување на состојбите на северот на земјата. Брисел информира дека се суспендирани работата на органите на Советот за стабилизација и асоцијација и програмата на ИПА-фондовите. Исто така се откажуваат билатералните средби со претставници на косовските власти, освен оние кои се однесуваат на спроведување на договорите со Србија и на изнаоѓањето решение за косовскиот север.

Брисел бара од Приштина да го спроведе планот од три точки што го предложи ЕУ, а со кој се бара смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ.

Претходно, поради некооперативноста на Курти во изнаоѓањето решение за споровите со Белград и со косовските Срби, САД ги исклучија Безбедносните сили на Косово од меѓународната воена вежба „Дефендер Јуроп 2023“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради сакнциите, косовската опозиција прекина комуникација со Курти и Османи и побара избори што поскоро

Следно

Волстрит благо порасна, „Тесла“ меѓу најголемите добитници

Latest from Blog

Вработените во Белата куќа се предупредени да не користат привилегирани информации за да се обложуваат

Е-маил бил испратена на 24 март, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневно одложување на неговата закана за напад врз енергетските објекти и инфраструктурата на Иран. Во мејлот се споменуваат

Автобусите ќе возат по посебен возен ред до понеделник – ЈСП сподели важни информации за начинот на работа за празничниот период

По повод верскиот празник Велигден, од денеска до понеделник, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно

Нов скандал во Италија: Продажбата на „Сан Сиро“ се откажува?!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Најголемата политичка партија во Италија поднесе предлог за откажување на продажбата на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ на Интер и Милан, откако започна истрага за случајот со стадионот. По една деценија
Go toTop