Поради сакнциите, косовската опозиција прекина комуникација со Курти и Османи и побара избори што поскоро

July 3, 2023
1 min read

Косово е изолирана и санкционирана држава и заради вина на премиерот и претседателката, смета лидерот на опозициската ПДК, е влезено во ист ред со Белорусија, Русија, Молдавија и Република Српска

Најголемата парламентарна опозициска партија на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) соопшти денеска дека, поради санкциите кои Европската унија и САД ги воведоа кон државата, целосно ја прекинува комуникацијата со владата на Албин Курти и со претседателката Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред медиумите по денешната седница на Управниот одбор на ПДК, партискиот лидер, Мемли Красниќи побара да се одреди датум за предвремени избори, било преку оставка на премиерот Курти, или преку распуштање на Собранието на Косово.

ПДК, најави Красниќи, ќе го бојкотира Собранието и нема да гласа на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор предложени од властите.

„Што поскоро да се објави датумот на предвремени општи избори, било преку оставка на премиерот Курти, било преку распуштање на Собранието. Од денеска нема да гласаме на ниеден форум, за ниеден закон, одлука, резолуција или договор, затоа што ситуацијата не е нормална и ние не можеме да симулираме нормалност“,

изјави Красниќи.

Секој вид комуникација со Курти и претседателката Османи, порача опозицискиот лидер, се прекинува, „освен за вонредни ситуации, или за разговори околу одржувањето предвремени парламентарни избори“.

„Косово е изолирана и санкционирана држава и заради нивна вина (на Курти и Османи) е влезено во ист ред со Белорусија, Русија, Молдавија и Република Српска“,

рече Красниќи, порачувајќи дека „на Косово му е потребно сеопшто движење за да го запре уривањето што го врши Курти“.

ЕУ во саботата, на 1 јули, соопшти дека стапуваат на сила санкции кон Косово поради непреземањето дејствија за средување на состојбите на северот на земјата. Брисел информира дека се суспендирани работата на органите на Советот за стабилизација и асоцијација и програмата на ИПА-фондовите. Исто така се откажуваат и билатералните средби со претставници на косовските власти, освен оние кои се однесуваат на спроведување на договорите со Србија и на изнаоѓањето решение за косовскиот север.

Брисел инсистира Приштина да го спроведе планот од три точки што го предложи ЕУ, а со кој се бара смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ.

Претходно, поради некооперативноста на Курти во изнаоѓањето решение за споровите со Белград и со косовските Срби, САД ги исклучија Безбедносните сили на Косово од меѓународната воена вежба „Дефендер Јуроп 2023“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клинтон ја оцени ситуацијата на северот на Косово како „глупост“ и повика да се одржат нови избори

Следно

Косовската опозиција ја прекинува комуникацијата со премиерот Курти и претседателката Османи

Latest from Blog

ГОЛ – ШОУ: Англија е “бронзена“, Мбапе со два гола сега е најдобар стрелец, Дешамп со пораз во последниот меч! (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/EnglandTeam/ Неверојатен меч. Гол – шоу во Мајами. Франција – Англија 4:6 е исходот од битката за третото место на СП. Фуриозно прво полувреме на “Трите Лава“ и водство од 0:4, во

„ЕК да ја објави целата комуникација за вториот протокол“: Нова иницијатива на Лилјана Поповска и на Гоце Перовски, македонски активист во Германија

Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е подносител на иницијативата до Уставниот суд за поништување на таканаречениот Втор протокол, заедно со македонскиот активист од Германија и член на Партијата на зелените Гоце Перовски,

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре
Go toTop