Москва: 700 000 деца од зоната на конфликтот во Украина сега се во Русија

July 3, 2023
1 min read

Москва вели дека целта на нејзината програма да донесе деца од Украина на руска територија е да ги заштити сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот. Сепак, Украина вели дека многу деца биле нелегално депортирани, а САД велат дека илјадници деца биле насилно одземени од нивните домови

Русија донесе околу 700 000 деца од зоната на конфликтот во Украина на руска територија, изјави синоќа Григориј Карасин, шеф на меѓународниот комитет при Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.

„Во последните години, 700 000 деца најдоа засолниште кај нас бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од зоната на конфликтот во Украина“,

напиша Карасин на својот Телеграм канал.

Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Москва вели дека целта на нејзината програма да донесе деца од Украина на руска територија е да ги заштити сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот.

Сепак, Украина вели дека многу деца биле нелегално депортирани, а САД велат дека илјадници деца биле насилно одземени од нивните домови.

Најголем дел од движењето на луѓе и деца се случи во првите неколку месеци од војната и пред Украина да ја започне својата голема контраофанзива кон крајот на август за да ги врати окупираните територии на исток и југ.

Во јули 2022 година, Соединетите држави процениле дека Русија насилно депортирала 260 000 деца, додека Министерството за интеграција на окупираните територии на Украина вели дека 19 492 украински деца во моментов се сметаат за незаконски депортирани.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во март соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под сомнение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Свечена заклетва на новите пратеници во грчкиот Парламент

Следно

Ал Хилал подготвен да му плати на Нејмар 600 милиони евра за тригодишен договор

Latest from Blog

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу
Go toTop