Макрон ја одложи посетата на Германија поради насилните протести во Франција

July 1, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја одложи државната посета на Германија, планирана за периодот од 2 до 4 јули, поради немирите во неговата земја предизвикани од полициското убиство на 17-годишно момче, пренесува Анадолу.

„Макрон денес телефонски разговараше со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и го извести за ситуацијата“, соопшти портпаролот на претседателот на Германија.

„Претседателот Макрон побара одложување на планираната државна посета на Германија“, рече портпаролот.

Четвртата ноќ од протестите, кои избија поради полициското убиство на 17-годишно момче во Франција, приведени се повеќе од 1.300 лица, а во судирите меѓу двете страни повредени се 79 припадници на безбедносните сили.

Низ Франција и синоќа се одржуваа масовни протести поради неодамнешното убиство на малолетниот Нахел М.

Демонстрантите во текот на ноќта запалија 1.350 автомобили на улиците на градовите, а материјална штета е нанесена и на 234 згради. Подметнат е пожар на 2.560 локации на јавни површини, а нападнати се најмалку 30 полициски станици и 11 станици на жандармеријата.

Полицијата на 27 јуни отвори оган кон автомобил во кој имало три лица, убивајќи го 17-годишниот возач кој не ја испочитувал наредбата да запре.

Истрагата за инцидентот е во тек, но овој настан предизвика масовни протести на улиците на градовите низ Франција.

Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четвртата ноќ на протестите во Франција приведени повеќе од 1.300 лица

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме го зафати Скопје

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop