(ВИДЕО) За г.г. Стефан, несреќни се законите за родова еднаквост и за матична евиденција

June 29, 2023
2 mins read

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан на денешниот собир зборуваше за „бунт против поредокот“, за професионални експерти за замена на тези, како и за местото на жената, која според црквата е столб на семејството, а со тоа и на општеството. Тој порача дека црквата ќе ги брани децата, од, според него, неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии

Еве сме, чедата на Македонската православна црква, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници, за да му кажеме „да“ на животот, за светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, кажа поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан на денешниот собир во Соборниот храм во Скопје.

Тој порача дека црквата ќе ги брани децата од, според него, неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Порача и дека собирот е бунт против злото, против гревот и против смртта во кој, според него, запаѓа светот. Се осврна на критичарите на црквата, за кои вели дека се обидуваат да ја побијат МПЦ-ОА, повикувајќи се на секуларноста, но тврди дека тоа се толкува спротивно на Уставот.

„Секуларно општество не значи и безбожно општество. Свесни сме за плановите, намерите и желбите на организации и движења, кои до таа мера зајакнаа во нашето општество, што некои од нив навлегоа во државните институции, та и закони ни пишуваат. Закони, токму како оние два несреќни закона за родова еднаквост и за матична евиденција, кои насила и спротивно на нашата волја, не само целат да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со јазикот на некој си светски поредок, кој им е туѓ на словото и на духот на апостолите, на светите отци и на светото Евангелие“,

кажа г.г. Стефан.

Тој вели дека ги разбира стравот и загриженоста на родителите за иднината на децата, ако тие два закона станат обврзувачка реалност.

„Ни се подметнува поимот род, кој е свесно избран, поради тоа што во нашиот јазик и сфаќање има убав контекст, но во намерите на родовите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“,

порача г.г. Стефан.

За поглаварот на МПЦ-ОА, црквата кон жената стои со свештен трепет, оти жената е столб на семејството, а со тоа и на општеството. Тврди дека критичарите на црквата се професионални експерти за замена на тези, а не за заштита на женските права. Да не дозволиме мајчинството да биде осквернето, рече тој.

„Жената во учењето и животот на црквата не само што не е немоќна, туку напротив, токму таа во своите кревки мајчински раце, го држи оној, што ја одржува во постоење сета вселена, семоќниот Бог… Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на црквата, а ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот. И токму на тој начин му даваат легитимент на насилството врз жената. Жените во Македонија, верувам, не сакаат таква лажна еднаквост и такви лажни права. Не сакаат да бидат ослободувани од цркавата, оти токму во цркавата ја живеат својата вистинска слобода“,

рече г.г. Стефан и посочи дека реформите во образованиеето, галопирајќи ќе трасираат пат за родово сензитивно образование, кое треба да кулминира со сеопфатно сексуално образование.

Поглаварот на МПЦ-ОА на бината беше придружуван од членовите на Синодот, од бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов и академик Катица Ќулавкова.

Академик Ќулавкова рече дека родовите студии понудиле „нова приказна“, маргинализирајќи го биолошкиот идентитет на жената и на мажот.

„Во самиот закон за родова еднаквост се мешаат категориите пол и род, поради што законот во принцип не може да биде конзистентен и одржлив. Трансродната концепција поттикнува загрижувачка флуидност или променливост на идентитетот“

кажа Ќулавкова.

Под мотото „Имаме должност“, МПЦ-ОА од 18 часот, организираше сенароден собир во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои смета дека се сериозна закана за општеството.

Собирот беше мирен, започна со изведба на молитвата „Оче наш“, а присутните граѓани носеа намиња со ѕвездата од Кутлеш, икони, крстови и транспаренти. Настанот го поддржа и ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска кажа дека унапредувањето на положбата на жените во сите сфери на општественото живеење, е единствената област кон која е фокусиран предлог-законот за родова еднаквост.

Проблемот со погрешното толкување на интенциите на предлог-законското решение, според министерката, настанал со неговото спојување со предлог-законот за матична евиденција, кој, како што потсети, е повлечен од собраниска процедура заради „проширување на консултативниот процес“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тодор Петров, Ристовски од ИНТЕГРА, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на собирот на МПЦ-ОА, Мицкоски вели да можел и тој би одел

Следно

(ВИДЕО) Продолжуваат нередите во Франција: Апсења во Мареј и Лил

Latest from Blog

Милошоски: Жалосно е што СДСМ ја промовира тезата на бугарската влада

Потпретседателот на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма оцени дека Македонија е блокирана од Бугарија во процесот на евроинтеграциите. Милошоски

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни
Go toTop