(ВИДЕО) Продолжуваат нередите во Франција: Апсења во Мареј и Лил

June 29, 2023
1 min read

За да се справи со немирите, од вечерва повеќе региони во Франција воведоа мерки на претпазливост

Трета ноќ по ред избувнаа протести низ Франција откако во вторникот полицаец уби тинејџер во Нантер.

Според медиумските извештаи во Марсеј се уапсени три лица во судири на демонстрантите со полицијата.

Видеата и сликите на социјалните мрежи покажуваат дека на неколку места за запалени купишта со ѓубре, а полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.

Весникот „Монд“ објави дека еден офицер е пренесен во болница откако бил повреден од демонстрантите.

Полицијата од Лил, пак, уапсила шест лица во близина на границата, наведе новинската агенција АФП.

Нереди има и во Тулуз каде, според „Ле Монд“, подметнати се и пожари, но засега нема апсења.

За да се справи со немирите, од вечерва повеќе региони во Франција воведоа мерки на претпазливост.

Автобусите и трамваите во Ил-де Франс престанаа да сообраќаат во 21 часот по локално време, а во Компиен во северниот регион Оазе, пак, во 22 часот започна полициски час за децата под 16 години, а ќе трае до 6 часот наутро. Истата мерка ќе биде на сила до понеделник и таа значи дека малолетници помали од 16 години не смеат да излегуваат без придружба на родител или старател.

Во предградието Кламарт, пак, е воведен полициски час за сите и тој трае од 21 до 6 часот и ќе трае до понеделник.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) За г.г. Стефан, несреќни се законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Следно

(ФОТО) Поранешниот потпретседател на САД, а сега противкандидат на Трамп, го посети Зеленски во Киев

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop