Наводни човечки останки пронајдени меѓу остатоците од подморницата „Титан“

June 29, 2023
2 mins read

Останките за кои се верува дека се човечки, како што пренесува Би-би-си, повикувајќи се на соопштение на крајбрежна страна на САД ќе бидат анализирани од американски медицински професионалци

Американската крајбрежна стража верува дека се понајдени човечки останки меѓу остатоците од туристичката подморница „Титан“ кои беа извлечени вчера од длабочните на северниот Атлантик по трагедијата во која животите ги загубија пет лица.

Транспортот на остатоци од подморницата Тиитан во Сент Џонс, Канада/Фото: Принтскрин

Парчиња од подморницата која имплодираше при нурнување водите на Аталнатскиот океан во она што требаше да претставува обиколка на остатоците на потонатиот брод „Титаник“, вчењра беа извлечени и истоварени на пристаништето во Сент Џонс во Канада.

Според официјални претставници биле пронајдени рамката за слетување и задниот капак на туристичката подморница.

Останките за кои се верува дека се човечки, како што пренесува Би-би-си повикувајќи се на соопштението на крајбрежната страна ќе бидат анализирани од американски медицински професионалци.  

Инаку, истрагата за причините за катастрофата се сè уште во рана фаза. Како што е соопштено Поморскиот одбор за истраги на крајбрежната стража на САД ќе ги пренесе остатоците, кои сега имаат третман на докази до американското пристаниште за понатамошна анализа и тестирање.

Шефот на Поморскиот одбор за истраги, капетанот Џејсон Нојбаер изјави дека претстои уште многу работа додека се откријат факторите кои довеле до катастрофалната загуба на „Титан“, како и да се преземат мерки кои треба да превенираат да не се повтори слична трагедија во иднина.

„Благодарен сум за координираната меѓународна и меѓуагенциска поддршка за враќање и зачувување на овој витален доказ од екстремни морски растојанија и длабочини“,

рече капетанот Нојбаер, пренесува британскиот национален сервис.

Инаку, официјални претставници кои вклучени во потрагата по подморницата првично беа скептични во врска со изгледите за извлекување на некое од телата на загинатите петмина членови на екипажот на „Титан“.

„Станува збор за неверојатно околина таму долу, која не простува“,

рече администраторот на крајбрежната стража Џон Могер, откако беше потврдено исчезнувањето на подморницата.

Капетанот Џејсон Нојбаер вчера изјави дека истражителите ќе ги преземат „сите мерки на претпазливост“ доколку откријат човечки останки и дека истрагата најверојатно ќе вклучи и формално сослушување на сведоци.

Во трагедијата на „Титан“ загинаа пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморница претрпе катастрофална имплозија додека се обидуваше да се спушти до остатоците од „Титаник“.

Потрагата по исчезнатата подморница започна на 18 јуни, а делови од остатоците беа пронајдени на околу 487 метри од остатоците на „Титаник“, пет дена подоцна на длабочина од околу 3 800 метри.

Туристичката подморница исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг беше изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето.

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час. 

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Големи нереди во Франција поради убиството на млад човек: Запален трамвај, уапсени 150 лица

Следно

Првите делови од подморницата „Титан“ се извлечени на брегот, на нив се пронајдени човечки остатоци

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop