(ФОТО+ВИДЕО) Големи нереди во Франција поради убиството на млад човек: Запален трамвај, уапсени 150 лица

June 29, 2023
2 mins read

Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На фасадата на зградата се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“

Насилството во Франција продолжи синоќа, особено во регионот на Париз, каде полицаец во вторникот уби 17-годишник кој одбил да го послуша. Досега се уапсени 150 лица.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го осуди „неподносливото насилство врз симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени или нападнати.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тој им се заблагодари на полицијата и на пожарникарите и порача дека треба да се срамат сите што не повикале на смирување на ситуацијата.

Во Кламарт, во југозападното предградие на Париз, синоќа бил запален паркиран трамвај. Пожарот подоцна бил изгаснат, но трамвајската линија се уште е затворена.

Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На фасадата на зградата се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Судирите со полицијата траеле и до еден час во населба каде веќе имало судири меѓу жителите и припадниците на силите на редот, кои на фрлањето камења одговориле со солзавец.

Запален автобус, нападната полиција

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Околу дваесетина општини во Сена-Сен Денис, департман североисточно од Париз, пријавија пожари, објави полициски извор, додавајќи дека на местото на настанот секојпат се активни многу мобилни групи од околу сто луѓе. Сега постои загриженост во инаку мирните градови.

Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус од кој патниците излегле околу 21 часот, соопштија полициски извори.

Судири избувнаа и во кварт во Тулуз, а од тоа место се издигна густ црн чад. Група млади запалиле канти за ѓубре и автомобили, а фрлале предмети кон полицајците и пожарникарите. Уапсени се 13 лица, а во текот на ноќта ситуацијата се смирила.

Тензии и во другите региони, полицијата беше гаѓана со пиротехнички средства

Синоќа во Ној-сур-Марн, на 13 километри од Париз, запалени се сите седум полициски автомобили кои се наоѓале во станицата, а пожарот се проширил и на соседната зграда во која се сместени просториите на општинската полиција и градските служби за домување. На пожарникарите им биле потребни час и половина за да го изгаснат пожарот.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата.

Видеото објавено на социјалните мрежи во текот на ноќта покажува група млади луѓе како палат документи и столови во градското собрание на Монс-ен-Барула, предградие на Лил.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синот на Вучиќ бил запрен и претресен во Косово, полицијата барала да ја соблече маицата со „провокативен натпис“

Следно

Наводни човечки останки пронајдени меѓу остатоците од подморницата „Титан“

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop