Заврши 25 годишна опклада меѓу научник и филозоф

June 27, 2023
1 min read

На 25-годишен научен облог му дојде крајот.

Во 1998 година, невронаучникот Кристоф Кох се обложил со филозофот Дејвид Чалмерс дека механизмот со кој мозочните неврони произведуваат свест ќе биде откриен до 2023 година.

Деновиве јавно се согласија дека таа задача и натаму не е решена  и Асоцијацијата за научно проуување на свеста за победник да го прогласи Чалмерс.

„Свеста е сè што човекот го доживува – што вкусува, слуша, чувствува и многу повеќе. Тоа е она што им дава смисла и вредност на нашите животи“, вели Чалмерс.

И покрај огромниот напор вотекот на последните 25 години, истражувачите сè уште не разбираат како нашиот мозок ја произведува свеста.

Во времето кога Кох го предложил облогот, одредени технолошки достигнувања го направиле оптимист за решавање на мистеријата. На сцената се појави функционална магнетна резонанца (fMRI), која ги мери малите промени во протокот поврзани со мозочната активност и оптогенетиката – која им овозможи на научниците да стимулираат одредени групи на неврони во мозок на животни како што се нечовечките примати.

„Бев освоен од сите овие техники“, вели тој. „Помислив: 25 години од сега? Нема проблем,” се сеќава Кох.

Облогот конечно го решила една нова студија која ги испитувала двете водечки теории за создавање на свеста чии резултати сугерирале дека и двете теории треба да се ревидираат.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ливерпул за Мбапе понуди 50 милиони евра повеќе од Реал

Следно

Шефот на „Вагнер“ се огласи по бунтот: Целта не беше да се собори Владата во Москва

Latest from Blog

ВЛЕН: 428 полицајци Албанци добија унапредување во МВР

Во изминатите две и пол години, во рамки на Министерството за внатрешни работи биле реализирани мерки насочени кон зголемување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, нови вработувања и децентрализација на административните услуги,

Божиновска: Со новите интерконекции ја зголемуваме енергетската сигурност на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Белград учествуваше на вториот министерски состанок на Македонија, Србија, Грција и Бугарија, посветен на регионалната енергетска соработка и зајакнувањето на

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс. За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања. Литванскиот претседател

Коњановски: Битолските ученици со иновативно решение за почист воздух во училиштата

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети економското училиште „Јане Сандански“, каде е целосно реконструирана една училница и е набавен нов училишен мебел. Инвестицијата е реализирана преку јавна набавка во
Go toTop