Шефот на „Вагнер“ се огласи по бунтот: Целта не беше да се собори Владата во Москва

June 27, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Шефот на руската група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во првото обраќање откако во саботата го прекина еднодневниот бунт на своите паравоени сили, изјави дека намерата била да се искаже протест поради неефикасното водење на војната во Украина, а не да се собори власта во Москва, пренесува Анадолу.

Пригожин на Телеграм соопшти дека руското Министерство за одбрана планира до 1 јули да потпише договори со сите борци на „Вагнер“, со што групата ќе стане дел од редовната армија, што ќе ја „уништи нејзината борбена способност“.

Министерството во мај објави дека планира да потпише договори со сите борци во Украина што се борат под руско знаме, велејќи дека тоа е единствен легален начин да се обезбедат нивните права, вклучително и правото на социјална поддршка и обезбедување муниција и опрема.

Според Пригожин, само еден до два отсто од припадниците на „Вагнер“ се согласиле да се вклучат во руската армија, а другите формирале колона што се упатила кон градот Ростов на Дон во саботниот „Марш на правдата“ што, како што кажа тој, бил организиран во „мирни цели“.

„И покрај тоа што не покажавме никаква агресија, бевме погодени. Во воздушниот напад загинаа 30 борци и тоа нѐ принуди веднаш да тргнеме“, тврди Пригожин, наведувајќи дека за ова се одговорни шефовите на руската армија.

Како одговор на тоа, Пригожин рече дека групата „Вагнер“ извршила напади врз руските воздухопловни сили, но не прецизираше колку луѓе загинале.

„Се запревме во моментот кога првиот одред се приближи до Москва, распореди артилерија, изврши извидување и стана јасно дека ќе се пролее крв. Престанавме од две причини. Првата е дека не сакавме да пролееме руска крв. Другата, отидовме да го изразиме својот протест, а не да ја собориме власта во државата“, тврди Пригожин.

Тој додаде дека со бунтот сакале да укажат на проблемите на руската одбрана и неефикасноста на руските воени команданти. Пригожин тврди дека „операцијата би траела еден ден“, доколку на 24 февруари минатата година, кога руските сили влегле во Украина, офанзивата ја водела група која по ниво на обученост е споредлива со „Вагнер“.

Во согласност со договорот постигнат со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој ја смири кризата доцна во саботата, Кремљ објави дека кривичната постапка против Пригожин ќе биде отфрлена и дека тој ќе се пресели во Белорусија. Сепак, некои руски медиуми објавија дека постапката против Пригожин не е прекината и дека истрагата продолжува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши 25 годишна опклада меѓу научник и филозоф

Следно

Орбан: Не е можно Украина да постигне воена победа над Русија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop