ДУИ е канцерот на македонското општество и тоа е општ впечаток на сите граѓани. Но, очигледно е дека тоа не е впечаток на СДС и отпадоците на Сојузот на комунисти кои што не можат да го видат криминалот кој што се случува во нивните редови, односно ако не го гледаат криминалот тоа значи дека се тотално неспособни, но ако го гледаат и го прикриваат и поддржуваат криминалот тоа значи дека се соучесници и дека заедно ги делат пари, односно дека се пајташи во крадењето на народните пари, рече Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната трибина Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите, насловена „Криминал и корупција“.
Ковачки рече дека симптоматично е што внукот на Али Ахмети со фирма основана од пред 2 години која има основачки влог од 50.000 евра и која што работи со загуба може да го купи трговскиот центар Соравиа за 30 милиони евра, потенцирајќи дека се поставува прашањето од каде се тие пари на кланот Ахмети.
Внукот на Али Ахмети и неговото купување на ексклузивниот трговски центар во Центарот на Скопје е прилично сериозна тема за која што македонската јавност не смее да остане нема. Не смеат да останат ниту македонските институции почнувајќи од обвинителството, Антикорупциската комисија, но секако тука најповикан е Димитар Ковачевски. Симптоматично е што фирма која што е формирана токму пред 2 години со основачки влог од 50.000 евра која што не остварува никакви услуги, меѓутоа јас имам и сознанија дека работи и со загуби, а купила еден трговски центар од 30 милиони евра. И сега тука се поставуваа чии се тие пари, од каде се парите односно дали тие пари се од некакви тендери, незаконски набавки, дали се перат црни пари од некакви нелегални бизниси кој што најверојатно го прави кланот Ахмети, праша Ковачки.
Ковачки посочи дека за случајот за внукот на Ахмети, Ковачевски не смее да остане нем на сите овие докази, како што претходно се правел нем за дуќанот на братот на Артан Груби на улица Македонија, како и за ставањето на црната листа на САД на Рамиз Мерко.
Значи очигледно станува збор за лице кое што е уценето и кое што е под контрола на ДУИ, изјави Ковачки.
Ковачки ексклузивно на трибината објави и договор склучен помеѓу државната ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети во кој стои дека истата фирма има само еден вработен а има добиено концесија уште од претходната влада на СДС и ДУИ за ископ на варовник во вредност од 3.600.000 денари.
Поврзано за кланот Ахмети има и нови моменти. Јас денеска ќе ги објавам. Станува збор за договор кој што го има потпишано исто така Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, што го купи трговскиот центар Соравиа за 30 милиони евра. Овде имам во мене договор со ЕСМ, значи човекот Дрин Ахмети е сопственик на фирма Еверест ЏД кој што има концесија за ископ на варовник, и таа концесија е некаде 16, 17 години и е добиена уште во времето на претходната влада на СДС и ДУИ. Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3.600.000 денари. Значи станува збор за фирма која што е од кланот на Ахмети и која што склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега доколку е тоа така како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн. Значи прилично сериозен случај како овој со купувањето на Соравиа и за кои што треба да се заинтересираа институциите, објасни Ковачки.
Ковачки ја повика ДКСК веднаш да постапи за овој случај.
И тука ќе повикам уште еднаш до ДКСК да не се правда и да не се објаснува дека немала право да истражува, односно да утврдува затоа што не се работело за именувано и избрано лице. Веднаш ќе кажам во законот точно е предвидено кои се блиски лица на функционерот, и ќе се види дека ДКС може веднаш да постапува, посочи Ковачки.
Ковачки го повика и Ковачевски да се произнесе за овој случај и да одговори дали знаел и доколку знаел зошто не постапил за испумпување на пари од ЕСМ на овој начин.
Го повикуваме и премиерот Ковачевски да се произнесе за овој случај, дали знаел за оваа ситуација за фирмата на внукот на Амети, дека земале односно испумпувале пари од ЕСМ на овој начин. Доколку не знаел, зошто не знаел, и сега откако знае што ќе преземе дали ќе побара одговорност и дали планира во иднина планира да спречи, односно да стимулира вакви активности, изјави Ковачки.
ИЗВОР: kurir.mk