Мирно во Ростов, борците на Пригожин се повлечени во своите бази

June 25, 2023
1 min read

Борците на паравоената група „Вагнер“ го напуштија штабот на руската армија во Ростов во југозападна Русија, а на чело на конвојот беше нивниот лидер Евгениј Пригожин, изјави утрово регионалниот гувернер.

„Колона членови на групата ‘Вагнер’ го напуштија Ростов и се упатија кон нивните кампови“,

рече гувернерот Василиј Голубев, без да даде дополнителни детали.

Од синоќешните подготовки на „Вагнер“ за напуштање на Ростов. Фото: EPA-EFE/ARKADY BUDNITSKY

Руската агенција Риа новости јавува дека утрово околу штабот на Јужниот воен округ во Ростов ситуацијата е мирна, а сообраќајот е обновен.

По бунтот, Пригожин треба да оди во Белорусија, откако вчера со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, тој се согласи да ги врати своите војници во воените бази.

Договорено е контроверзниот основач на „Вагнер“ да оди во Белорусија и кривичната постапка против него за организирање вооружен бунт да биде прекината. Нема да има кривично гонење на неговите борци кои учествувале во бунтот.

Засега не се знае каде точно се наоѓа шефот на „Вагнер“.

Пригожин повика на вооружен бунт против руското воено раководство во петокот, а вчера наутро неговите приврзаници влегоа во штабот на руската армија во градот Ростов на Дон, кој е главен центар за напади врз Украина. Неговата група потоа се упати кон Москва, но запре на 200 километри пред руската престолнина.

Пригожин го обвини врвот на армијата и највисоките функционери за некомпетентност. Неговите изјави беа без преседан во строго контролираниот политички систем на Русија, каде што само претседателот Владимир Путин може да упатува такви критики.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање рече дека бунтот на „Вагнер“ покажал „целосен хаос“ во Русија.

„Светот виде дека руските лидери не контролираат ништо. Тоа е целосен хаос. Целосно отсуство на каква било предвидливост на руска територија која е натоварена со оружје“,

истакна Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пригожин: Се вративме 200 километри од Москва за да избегнеме крвопролевање

Следно

Што е повечно: парите или хемикалиите?

Latest from Blog

Тоневски најави стипендии за првенците на генерација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска се сретна со учениците прогласени за првенци на генерацијата во основните училишта од општината, упатувајќи им честитки за нивниот постигнат успех и посветеност во образованието.

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,
Go toTop