Говорот на омраза зема замав, институциите не реагираат – пораки од Парадата на гордоста

June 24, 2023
2 mins read

Говор на омраза, социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати, се само дел од проблемите со кои се соочуваат припадниците на ЛГБТИ+ заедницата и трансродовите луѓе во Македонија, порачаа учесниците на Парадата на гордоста во Скопје.

Лила Милиќ, трансродово лице, кажа дека органите на прогон во земјава немаат доволни капацитети за препознавање и заштита на маргинализираните луѓе. Милиќ посочи и дека говорот на омраза зема замав, а Македонија е далеку од демократско општесто, иако декларативно се прикажува така.

„И покрај тоа што безброј пати сме пријавувале документирани случаи на говор на омраза и до полицијата и до Јавното обвинителство, сè уште немаме ниту еден случај во кој поединец или група биле осудени. Јас лично, континуирано сум жртва на говор на омраза, особено од организации кои се здружуваат со единствена цел – да ги негираат правата на ЛГБТИ+ заедницата и родовата еднаквост. Ме нарекуваат болна, неморална, ми посакуваат ќотек, силување, смрт, не го препознаваат мојот родов идентитет, постојано ми се закануваат и ме исмејуваат. Многупати досега сум поднела кривична пријава и сум побарала заштита, но Обвинителството и полицијата ништо не преземале. Пораката од институциите до мене е јасна – мојот живот и животот на трансродовите лица не е подеднакво вреден за заштита“,

кажа Милиќ и дополни дека верските лидери се надоврзуваат на оваа ситуација и се гласни да не се донесе Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција во делот за правното признавање на родот.

Мајка на лице со различна сексуална ориентација пак, порача дека родителите имаат обврска и должност да ги заштитат своите деца.

„Стојам како горда мајка на син кој е успешен и реализиран млад човек, кој по ништо не се разликува од другите успешни млади, за кои некои ќе кажат ‘нормални млади’. Процесот на осознавање и прифаќање на различните сексуални ориентации и родовиот идентитет на нашите деца за нас родителите не е ниту брз – ниту лесен процес. Јас тоа добро го знам, јас поминав низ тоа. Но, не е лесен ниту за нашите деца. Тие се збунети, исплашени, тажни, очајни, лути и трагаат по одговори на безброј прашања исто како и нас. Тие не избираат да бидат различни, тие се едноставно различни, но само по нивната сексуална ориентација и родов идентитет. Ние одлучивме да креираме дом во кој нашето дете ќе се чувствува безбедно, поддржано и сакано. Одлучивме да бидеме покрај него и заедно да го прифатиме предизвикот на новата реалност. Избравме, наместо да се срамиме, да бидеме горди на нашиот син и да не се грижиме што ќе кажат соседите, бидејќи тој тоа го заслужува“,

порача таа.

Учесниците порачаа дека „Скопје Прајд“, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта и невидливоста на маргинализираните и повод за славење на жилавоста на нивната борба за еднаквост.

Стотици граѓани учествуваа на четвртата Парада на гордоста во Скопје, која започна во 19 часот во паркот „Жена борец“ спроти зградата на парламентот.

Учесниците со музика, но и под силно полициско обезбедување продолжија со протестен марш низ центарот на главниот град.

По маршот, Парадата продолжи со забава во Градскиот парк, која е најавена дека ќе трае до 1 часот.

Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваат и голем број на гости од странство, а настанот го поддржаа дел од политичар(к)ите од власта и голем број странски амбасадори во земјава.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) По маршот, Парадата на гордоста продолжува со забава во Градски парк

Следно

Пинк: Мајката и сестрата на Коста Кецмановиќ фатени на граница со Македонија

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop