(ФОТО+ВИДЕО) По маршот, Парадата на гордоста продолжува со забава во Градски парк

June 24, 2023
1 min read

Со музика, храна и пијалоци до доцна вечерва во Градскиот парк во Скопје продолжува Парадата на гордоста. Во паркот има штандови со храна и пијалоци, а поставена е и сцена за настап на музичките ѕвезди.

Меѓу пејач(к)ите – гости на Парадата е и македонската музичка ѕвезда, Тамара Тодевска, која настапи со евровизиската нумера „Proud“.

Стотици граѓани денеска учествуваат на четвртата Парада на гордоста во Скопје, која започна во 19 часот во паркот „Жена борец“ спроти зградата на парламентот. Учесниците со музика, но и под силно полициско обезбедување продолжија со протестен марш низ центарот на главниот град, пред да завршат на забава во Градскиот парк, која ќе трае до 1 часот по полноќ.

Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваат и голем број на гости од странство, а настанот го поддржаа и дел од политичар(к)ите од власта.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рејџ предводат бојкотирање на сали кои шпионираат

Следно

Говорот на омраза зема замав, институциите не реагираат – пораки од Парадата на гордоста

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop