(ФОТО) Косовската полиција тврди дека спречила терористички напад во Звечан

June 23, 2023
1 min read

Министерот за внатрешни работи тврди дека на 100-тина метри од Општината бил пронајден српски автомобил со арсенал оружје во него. Во Белград, пак, за утре наутро е закажана вонредна прес-конференција на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија

Министерот за внатрешни работи на Косово објави фотографии на Фејсбук

Министерството за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља вели дека косовската полиција спречила терористички напад во Општината Звечан во која живее мнозинско српско население. Тој ја обвини Србија дека се обидува да го дестабилизира Косово.

„Косовската полиција спречи терористички напад. Влагодарение на интензивниот ангажман на специјалните единици на косовската полиција и добиените информации, денес на околу 100 метри од Општина Звечан е идентификуван автомобил со белградски регистарски таблички во кој се наоѓале голема количина оружје и експлозивни направи“,

вели Свечља.

Ваквите тврдења од властите во Приштина доаѓаат откако дел од српските медиуми објавија дека косовски специјалци вечерва се распоредиле низ улиците во Звечан и се планира ново апсење на Срби од Косово.

Од Белград, пак, најавено е обраќање за утре наутро. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ за утре во 10 часот во Владата на Србија закажана вонредна прес-конференција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: За ставот на Макрон за прием на нови членки во ЕУ и за Парадата на гордоста

Следно

Маркус Турам одлучи да потпише за Интер,

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop