Градоначалничката Арсовска додели награди на европските шампиони од СУГС “Никола Карев“ 23.6.2023

June 23, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по повод големиот успех, освојувањето на Европското првенство во кошарка за средни училишта, на прием организиран во чест на младите кошаркари од средното училиште на Град Скопје “Никола Карев” им врачи парични награди и им честита за големиот успех.

Доделувајќи ги наградите таа ја истакна поддршката на Град Скопје за средноучилишниот спорт преку програми, проекти, стипендии, манифестации и активности, со кои активно се поттикнува развојот на спортот кај младите, кои со своите успеси дополнително го афирмираат градот.

Европско првенство во кошарка за средни училишта, се одржа од 11 до 16 јуни 2023 година и на истото учество земаа над 200 средношколци. Тимот на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“  во финалето го совлада тимот од Чешка, освојувајќи златен медал и титула Европски шампион во кошарка за средни училишта за 2023 година.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Карпош: Целосно се менуваат прозорците во спортската сала на ООУ „Аврам Писевски“

Следно

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop