Радев обвини оти новата бугарска влада ја турка Бугарија во војна

June 23, 2023
1 min read

На обвинувањата на бугарскиот претседател, пак, експресно врати лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов велејќи оти владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна, а дека целиот демократски свет ѝ помага на Украина

Бугарскиот претседател Румен Радев обвини дека новата влада ја турка Бугарија поблиску до војната со помагањето на Украина во конфликтот со Русија. Некои бугарски политичари, вели тој, на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката, а се во заблуда дека ќе останат само гледачи.

Претседателот на Бугарија Румен Радев и лидерот на владејачката ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов

„Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните преговори наместо да се поттикнува конфликтот со ново оружје“,

истакна бугарскиот претседател.

Земјите од Европската Унија во мај годинава го финализираа договорот за испраќање на Украина над еден милион гранати од 155 милиметри и проектили. Радев, пак, пред неколку дена го оцени како погрешно приклучувањето на Бугарија на договорот за обезбедување ракети на Украина и ги повика владата и Министерството за одбрана да се грижат повеќе за бугарската армија, а не за странските вооружени сили.

На обвинувањата на бугарскиот претседател, пак, експресно врати лидерот на владејачката ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов велејќи оти владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна.

„Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна. Целиот демократски свет ѝ помага на Украина на кој и да е начин“,

изјави Борисов.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еруптира вулканот Кључевскаја Сопка во Источна Русија

Следно

МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop