Еруптира вулканот Кључевскаја Сопка во Источна Русија

June 23, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Еруптира вулканот Кључевскаја во регионот Камчатка во Источна Русија, пренесува Анадолу.

„Ерупција од стромболски тип започна вечерва на вулканот Кључевскаја“, изјави доцна синоќа Олга Гирина, шеф на Тимот за одговор за вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ), за руската државна новинска агенција РИА.

Гирина истакна дека на сателитските снимки е забележана „светла термална аномалија“ и додаде дека на вулканот се забележува спазматично треперење.

Таа, исто така, рече дека во моментов ерупцијата не претставува никаква закана за локалното население или за воздухопловството бидејќи сè уште не се забележани емисии на пепел.

Со надморска височина од 4.750 метри Кључевскаја Сопка е највисок активен вулкан на евроазискиот континент. Неговата последна ерупција се случи во октомври 2020 година.

Најблиското населено место до вулканот се наоѓа на околу 30 километри од кратерот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двегодишно дете во САД нашло пиштол и ја убило својата бремена мајка

Следно

Радев обвини оти новата бугарска влада ја турка Бугарија во војна

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop