„Летото по книгите се памети!“ – нова продажна акција на „Арс Ламина“

June 22, 2023
2 mins read

На првиот ден од летото, 21 јуни, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почна својата продажна акција „Летото по книгите се памети“. Во рамките на акцијата, која ќе трае до 14 јули, ќе има попусти до 40 % на сто наслови од областа на белетристиката (бестселери и книги за мотивација и самопомош), како и 20 отсто попуст на повеќе од 60 книги за деца, односно лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо!“.

Кампањата ќе се реализира во „Литература.мк“, како и во дел од поголемите книжарници каде што се застапени изданија од „Арс Ламина“. Со оваа акција, преку прифатливи акциски цени, „Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија да ги направи книгите полесно достапни до сите читатели и да ги поттикне читачките навики кај сите генерации.

Доколку сакате да ја освежите својата домашна библиотека со нови наслови, по кои ќе го паметите ова лето, „Арс Ламина“ во рамките на оваа акција нуди стотина актуелни изданија со попусти. Од понудата со попуст до 40 отсто ги издвојуваме романите: „Париската библиотека“, „Невидливиот живот на Ади Лару“, „Мојата прекрасна сопруга“, „За пет години“, „Солунска 28“ (1 и 2 дел), „Прашај ме повторно, ќе ти речам ДА“, „Тито, мојот претпоследен херој“ и „Торонто експрес“ од Зоран Спасов-Ѕоф, „Раскажувачката“, „Заеднички стан“, „Разделба“, „Скоро парижанка“ од Јана Мишо, „Океј сме“, „Париз не ве остава“, „Писатели и љубовници“, „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, „Афера во музејот за пари“, „Отчукувања“, „Анонимна девојка“ и други. На попуст се и биографските книги: „Вистините во кои веруваме“ од Камала Д. Харис, „Младиот Кастро“, „Ветената земја“ од Барак Обама.

На 35 отсто попуст се едни од најбараните наслови: „Хамнет“, „Дејзи Џонс енд Д сикс“, „Холандската куќа“, „Еднаш засекогаш“, „Мојата мрачна Ванеса“, „Што ти се случило?“, „Иднината на умот “„Остави го светот зад себе“, „Лето како во Мама миа“, „Збунетост“,„Каде што шумата се среќава со ѕвездите“, „Минхен“, „ Замалек“, „Што направи!“, „Список за душа“, „Машини како мене и луѓе како вас“, „Сопруга на хартија“, „Неописливи нешта“, „Американски брак“, „Не си сама“, „Биди со мене“, „Те чекам“, „Последната од девојките Месечини“, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“, „Тој почна сѐ“, „Драг Едвард“, како и „Клучот за Ребека“ и „Низ иглени уши“ од Кен Фолет, „Сестрата“, „Подарокот“ и „Рандеву“ од Луиз Џенсен, „Исповеди“ од Колин Хувер и многу други.

Летниот распуст е идеален период за дружба со лектирите. Читањето на лектирите ја зацврстува врската меѓу децата и литературата, помага во сознавање на својот внатрешен и надворешен свет. Тие ја поттикнуваат имагинацијата, креативноста и љубопитноста, и ги прошируваат знаењата. Идеални се за создавање убави спомени. Често, летото се памети по прочитаните книги.

„Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија за поттикнување на читачките навики кај децата, со новата продажна акција „Летото по книгите се памети!“ , во рамките на која лектирите и читанките од едицијата „Лесно читливо!“ се на попуст од 20 отсто.

Во едицијата „Лесно читливо!“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се застапени лектири и читанки. Во неа се наоѓаат насловите од листата на задолжителни, но и изборни лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука. А, за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, тука се читанките од познати домашни и светски писатели.

„Грдото пајче“, „Хотел за кучиња“, „Збунети години“, „Пајажината на Шарлот“, „Чудна случка со кучето во ноќта“, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Децата од улицата Пал“, „Мојот звук“ се само дел од лектирите во оваа едиција. Станува збор за модерно дизајнирани и лесно читливи книги, со помош на специјален фонт за полесно читање за деца во фаза на описменување, како и за лица со дислексија, одобрени од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првото „Ел Класико“ на крајот од октомври, познат распоредот на новата сезона во Примера

Следно

Огромната американска операција да се заштити Лула

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop