Украинските сили ракетираа мост што ги поврзува Херсон и Крим, тврдат властите на двата региони назначени од Москва

June 22, 2023
2 mins read

Минатата година во напад тешко беше оштетен мостот Керч, кој го поврзува Крим директно со континентална Русија. Извештаите сугерираат дека мостот што овојпат е погоден е мостот Чонхар, кој минува низ теснецот помеѓу Крим и окупираниот Херсон

Украинските сили извршиле ракетен напад на мостот што поврзува украинската област Херсон и полуостровот, соопштија претставници на властите на двата региона назначени од Москва, пренесува Ројтерс.

Оштетениот мост Чонхар по ракетниот напад/Фото: Телеграм канал на Владимир Салдо

Гувернерот на Херсон, назначен од Русија по анексијата на регионот, Владимир Салдо изјавил дека мостот бил нападнат со проектили од типот „Сторм шедоу“ (Storm Shadow), кои го оштетиле коловозот, по што сообраќајот бил пренасочен по друга рута.

Станува збор за крстаречки ракети со долг дострел кои Велика Британија потврди дека и ги доставила на Украина минатиот месец, потсетува Гардијан.

Според производителот на ракетите – европската групација за вооружување МБДА, тие имаат дострел од над 250 километри, што е значително повеќе во споредба со високопрецизните американски ракетни фрлачи „Химарс“, кои украинските сили ги користеа во голема мера.

Ракетите со пократок дострел станаа помалку ефикасни бидејќи Русија ги преместува своите војници и резервите за снабдување подалеку од фронтот, а ракетите „Стром шедоу“ треба да ѝ овозможат на Украина да напаѓа цели кои претходно беа недостапни за нејзиниот арсенал.

Украина, како што наведува Гардијан, е решена да го врати полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Една од клучните цели на нејзината неодамна започната контраофанзива е да го пресече таканаречениот копнен мост на Русија кон Крим и да ги изолира руските трупи таму.

Минатата година во напад тешко беше оштетен мостот Керч, кој го поврзува Крим директно со континентална Русија.

Извештаите сугерираат дека мостот што овојпат е погоден е мостот Чонхар, кој минува низ теснецот помеѓу Крим и окупираниот Херсон.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ договорија нов пакет санкции против Русија

Вчера, пак, земјите членки на Европската Унија го договрија 11. пакет санкции против Русија, кој главно е насочен да го спречи заобиколувањето на санкациите што Унијата досега ги воведе кон Москва поради агресијата во Украина.

„Амбасадорите на земјите-членки се согласија за 11. пакет санкции против Русија. Новиот пакет со построги извозни ограничувања и мерки против правните субјекти кои го поддржуваат Кремљ ќе ѝ нанесе нов удар на воената машина на Путин “,

напиша на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Договорот за 11. пакет санкции е постигнат на ниво на амбасадори и сега мора писмено да го потврдат владите на земјите членки.

Новиот пакет санкции забранува транзит преку Русија на стоки и технологија што би можела да ги користи руската војска или да ѝ помогне на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор. Се воведуваат ограничувања за продажба на чувствителни стоки и технологија за двојна употреба на земји кои би можеле да и ги продаваат на Русија, а се проширува и листата на забранети стоки кои би можеле да служат за рускиот воен и одбранбен сектор.

Пакетот ја продолжува суспензијата на дозволите за емитување во земјите од ЕУ на пет руски медиуми под државна контрола.

ЕУ претходно воведе забрана за увоз на руска сурова нафта и нафтени деривати, а сега го забранува пристапот до европските пристаништа за бродови за кои постои разумно сомневање дека се вклучени во пренос на руска нафта од брод на брод за да се заобиколи забраната.

На списокот на санкционирани лица се додадени 71 физичко и 33 правни лица. На тие лица и правни лица им е замрзнат имотот во ЕУ, меѓу другото, затоа што учествувале во илегалната депортација на украински деца во Русија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одлучувачки часови за потрагата по исчезната подморница

Следно

Турскиот дрон „Анка“ ја презема должноста уште во четири земји

Latest from Blog

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Со колони возила со развиорени знамиња на Албанија вечерва низ скопските улици се славеше Денот на албанското знаме.  Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство. Денот на албанското знаме денеска

Е.Пелистер поразен од Веспрем

Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и шестиот пораз во деветтиот натпревар од Лигата на шампионите, овој пат со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем. Уште по првото полувреме беше јасно

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од
Go toTop