Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“

November 8, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.

-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар; Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“.
Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.

Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.

Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.

Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта“- Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Морничав споменик од минатото- еве како изгледа политичката школа во Кумровец „Јосип Броз Тито“ (ВИДЕО)

Следно

Трамп: Парите од осигурителните компании треба да одат кај Американците, а не кај лихварите

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop