Одлучувачки часови за потрагата по исчезната подморница

June 22, 2023
1 min read

Да бидам искрен со вас, не знаеме каде е, рече капетанот што ја води потрагата, пренесува „Би-би-си“.

Потрагата по исчезната подморница на компанијата „Оушнгејт експедишнс“, која исчезна во водите на Атлантикот, влегува во одлучувачка фаза со оглед дека остануваат неколку часови со кислородот за патниците и екипажот.

Американската крајбрежна страна процени дека кислород би можело да снема околу 7:318 часот по источно американско време или 13:18 часот по средновредноевропско време.

Спасувачките екипи велат дека мора да останат оптимисти и со надеж. Десет дополнителни бродови и неколку подморници се приклучија во потрагата, но неизвесно е дали ќе има резултати во наредните неколку часа.

„Да бидам искрен со вас, не знаеме каде е“,

рече капетанот што ја води потрагата, пренесува „Би-би-си“.

Вчера имаше знаци на надеж со оглед дека американските и канадските екипи слушаа звуци, но по неколку часа Американската крајбрежна стража објава дека не успеале да го идентификуваат изворот на звуците.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Милан ја активира откупната клаузула на „турскиот Меси“

Следно

Украинските сили ракетираа мост што ги поврзува Херсон и Крим, тврдат властите на двата региони назначени од Москва

Latest from Blog

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop