Кина: Апсурден е коментарот на Бајден за Ѓинпинг

June 21, 2023
1 min read

Забелешките на американската страна се крајно смешни и неодговорни, тие сериозно ги нарушуваат основните факти, дипломатскиот протокол и политичкото достоинство на Кина. Тоа е бесрамна политичка провокација. Кина изразува силно незадоволство и противење, вели портпаролката на Министерството за надворешни работи

Коментарот на претседателот Џо Бајден, во кој кинескиот претседател Си Ѓинпинг го нарече диктатор, за Кина е крајно апсурден и неодговорен.

„Забелешките на американската страна се крајно смешни и неодговорни, тие сериозно ги нарушуваат основните факти, дипломатскиот протокол и политичкото достоинство на Кина. Тоа е бесрамна политичка провокација. Кина изразува силно незадоволство и противење“,

изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг, а пренесуваат странските агенции.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го нарече кинескиот претседател Си Ѓинпинг диктатор и додаде дека Ѓинпинг бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.

Бајден ова го изјави на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со Ѓинпинг во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.

„Причината зошто Си Ѓинпинг толку се вознемири кога го соборив балонот со два вагона шпионска опрема, е затоа што не знаеше дека е таму. Голема штета е за диктаторите. Кога не знаеја што се случило. Не требаше да оди таму каде што беше“,

рече Бајден.

Нинг го повтори тврдењето на Кина дека балонот бил наменет за метеоролошки истражувања и дека бил соборен случајно.

„САД требаа да се справат со тоа на мирен и професионален начин. Сепак, САД ги искривија фактите и употребија сили за да го подигнат инцидентот, целосно откривајќи ја својата природа на малтретирање“,

рече Нинг.

Балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан. Тој инцидент, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размена на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ресторан казнет со 140.000 долари затоа што најмил лажен свештеник за вработените да ги признаат „гревовите“

Следно

Помошта на Пентагон за Украина повисока за 6,2 милијарди долари

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop