Ресторан казнет со 140.000 долари затоа што најмил лажен свештеник за вработените да ги признаат „гревовите“

June 21, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Судот наложи ресторан во американската сојузна држава Калифорнија да плати 140.000 долари за заостанати плати и отштета за ангажирање на лажен свештеник за извлекување „признанија“ од неговите работници, јавува Анадолу.

За време на парницата на американското Министерство за труд пред федералниот суд, вработен во „Che Garibaldi Inc.“, сопственик на ресторанот „Taqueria Garibaldi“, со локација во Сакраменто и во Роузвил, рече дека свештеникот побарал од вработените да ги „признаат нивните гревови“ и им поставувал прашања дали некогаш украле од работодавецот, дали доцнеле на работа, дали направиле нешто за да му наштетат на нивниот работодавец или дали имале лоши намери кон нивниот работодавец, се вели во соопштението на Министерството.

Властите започнаа истрага врз основа на жалбите на вработените, додека Римокатоличката епархија во Сакраменто објави дека ниту еден свештеник поврзан со нив немал никаква врска со инцидентот.

Во текот на истрагата било утврдено дека ресторанот не им плаќал прекувремена работа на вработените, при што е казнет со 140.000 долари.

Министерството за труд го опиша чинот како „бесрамен“, велејќи дека работодавецот имал за цел „да ги замолчи вработените, да ја опструира истрагата и да го спречи враќањето на неисплатените плати“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Недела на бугарски документарни филмови од денеска во Кинотека

Следно

Кина: Апсурден е коментарот на Бајден за Ѓинпинг

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop