Американска крајбрежна стража: Во исчезнатата подморница останаа околу 40 часа кислород

June 20, 2023
1 min read

Мала подморница со пет лица, која се упатила кон дното на Атлантскиот океан, изгубила контакт со својот матичен брод „Полар принц“ во неделата еден час и 45 минути откако потонала

Во подморницата која исчезна во северниот дел на Атлантикот по нуркањето кон потонатиот брод Титаник, останаа само „околу 40 часа“ кислород, соопштија денеска припадници на американската крајбрежна стража.

На прес-конференција во Бостон, на североистокот на САД, капетанот Џејми Фредерик исто така рече дека потрагата на американската крајбрежна стража, поддржана од Канада, досега не дала „никаков резултат“ во пронаоѓањето на подморницата и нејзините пет патници.

Мала подморница со пет лица, која се упатила кон дното на Атлантскиот океан, изгубила контакт со својот матичен брод „Полар принц“ во неделата еден час и 45 минути откако потонала.

Крајбрежната стража спушти брод управуван од далечина во длабочините во потрага по последната позната локација на исчезнатата подморница.

Капетан Џејми Фредрик рече дека мислите и молитвите на крајбрежната стража се со семејствата на петте члена на екипажот на исчезнатата подморница наречена Титан и дека тимовите, вклучително и американската крајбрежна стража, американската морнарица и Канада, работат деноноќно.

Тој изјави дека спасувачките екипи пребарале површина од над 19 000 квадратни километри.

Меѓу патниците во малата подморница се и двајца британски државјани со пакистанско потекло, бизнисменот Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол Анри Нарголе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција и Италија ќе продолжат со воената поддршка за Украина, изјавија Макрон и Мелони

Следно

Марсело Брозовиќ се сели во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop