Туркије: „Шефот за Централна Азија“ на ФЕТО осуден на 21 година затвор

June 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Таканаречениот раководител за Централна Азија во рамките на терористичката организација ФЕТО, Орхан Инанди, кој беше донесен во Туркије со операција на МИТ, е осуден на 21 година затвор, јавува Анадолу.

На Инанди денес од 23-от Висок кривичен суд во Анкара му беше изречена пресудата, кој на рочиштето присуствуваше придружуван од адвокат.

Инанди пред судот зборуваше за неговите активности во рамките на ФЕТО, и призна дека бил водач на таа организација во Киргистан, но негираше вина и побара ослободување.

Судскиот совет потоа ја прочита првостепената пресуда со која Инанди е прогласен за виновен за кривичното дело „членство во вооружена терористичка организација“, за што е осуден на 21 година затвор.

Орхан Инанди, кој беше донесен во Туркије со операција на турската разузнавачка служба МИТ, беше предаден на правосудните органи на 5 јули 2022 година.

Во обвинението за Инанди е побарана затворска казна од 15 до 22 години и шест месеци за „раководење со вооружена терористичка организација“.

Инанди, кој не сакаше да ја искористи можноста за покајание, прифати дека е одговорно лице на ФЕТО за Централна Азија и даде информации за структурирањето на организацијата во овој регион.

Тој ги дешифрира и имињата и подрачјата на одговорност на многу раководители на ФЕТО, кои досега не беа дешифрирани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тим правни експерти: Многу е веројатно Русија да ја разнела браната „Нова Каховка“

Следно

Прво дојдoа попови, па потоа ботови

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop