Прво дојдoа попови, па потоа ботови

June 16, 2023
1 min read

Четбот со вештачка интелигенција одржал црковна миса во преполната црква Свети Павле во баварскиот град Фуерт.

Четботот, персонифициран со аватар на брадест црнец на огромен екран над олтарот, им проповедал на над 300 верници дојдени на експериментална лутеранска црковна служба речиси целосно генерирана од вештачката интелигенција.

„Драги пријатели, чест ми е да стојам овде и да ви проповедам како прва вештачка интелигенција“, рекол аватарот со прилично безизразно лице и монотон глас.

40-минутната миса која вклучувала проповед, молитви и музика а ја воделе различни аватари, била создадена од ЧетГПТ и еден млад теолог од Универзитетот во Виена.

„Јас ја зачнав оваа идеја, но всушност само ја придружував, бидејќи околу 98% дојде од машината“, изјавил 29-годишниот Јонас Симерлин.

Некои од верниците се пожалиле дека мисата била водена „без срце и душа“ ама па други биле импресионирани од службата.

***********

Во верзијата на Балашевиќ беше: „И тогаш дојдоа попови, па топови, па лопови…“

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: „Шефот за Централна Азија“ на ФЕТО осуден на 21 година затвор

Следно

Цариниците на предупредувачки протест побараа додаток на платите – новиот директор на Царината, Богоев, бара време за да се запознае со проблемот

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop