Тим правни експерти: Многу е веројатно Русија да ја разнела браната „Нова Каховка“

June 16, 2023
1 min read

Правните експерти ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната

Тим правни експерти кои го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка изјавија дека е „многу веројатно“ Русија да е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава. Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права „Глобал Рајтс Комплианс“, која им помага на украинските обвинители.

Тие го посетија регионот Херсон на 10 и 11 јуни со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во „Глобал Рајтс Комплианс“, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80 отсто и повеќе“.

Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната.

Русија и Украина разменија обвинувања за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперија прстот кон Москва.

Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од поширокото злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Русија го нападна Киев со ракети „Кинжал“ и „Калибар“

Следно

Туркије: „Шефот за Централна Азија“ на ФЕТО осуден на 21 година затвор

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop