ОН: Над 100 луѓе загинаа во судирите во Северен Дарфур, Судан

June 15, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 100 луѓе се убиени во судирите во државата Северен Дарфур во западен Судан, изјави денес високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, пренесува Анадолу.

„Во насилните судири во и околу камповите за раселените во Северен Дарфур загинаа над 100 луѓе“, напиша Гранди на Твитер. „Постојат шокантни извештаи за ужасно сексуално насилство врз жени и девојчиња.“

Официјалниот претставник на ОН предупреди дека ситуацијата ќе се влоши „освен ако страните во конфликтот не се согласат да ги прекинат судирите што го уништуваат Судан“.

Судан е опустошен од судири меѓу Армијата и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) од средината на април. Според локалните медицински лица, речиси 1.000 цивили се убиени, а илјадници се повредени во насилствата.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека повеќе од 2,2 милиони луѓе се раселени поради тековниот конфликт во Судан.

Гувернерот на државата Западен Дарфур вчера беше киднапиран и убиен од вооружени мажи, а Армијата ги обвини РСФ за неговата смрт.

ОН вчера предупредија дека ескалацијата на нападите во Дарфур може да биде „злосторство против човештвото“.

Во последните месеци избувна несогласување меѓу двете страни за интеграцијата на РСФ во Вооружените сили на Судан – клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го квалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, треба да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорот на Швајцарија во Анкара повикан поради провокации насочени кон турскиот претседател

Следно

Резолуција на германскиот Бундестаг: Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ и да се воздржи од дополнителни услови

Latest from Blog

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop