(ФОТО) Пукање во Приштина: Едно лице е убиено, телото пронајдено во автомобил

June 14, 2023
1 min read

Порталот „Индекс онлајн“, објави идентитет и фотографија од убиениот и пишува дека бил пронајден во автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема официјална потврда на овие информации

Вечерва во пукање во Приштина убиено е едно лице, објавија косовските медиуми.

Полицијата го потврди случајот наведувајќи дека околу 20 часот примиле пријава за пукањето кое се случило на улицата „Ц“ во Приштина.

„Полицијата излезе на местото на настанот и од првичните информации добиени од лекарите од Итната медицинска помош, потврдено е дека едно лице е без знаци на живот“,

вели портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, во изјава што ја пренесуваат повеќе медиуми во Косово.

Дел од порталите објави дека било пукано од калашников и оти во близина на местото на настанот е пронајдено запалено возило, но нема официјална потврда дека автомобилот е поврзан со убиството и пукањето.

Порталот „Индекс онлајн“ доцна вечерва објави и детали вклучително и индентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б.Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. „Индекс онлајн“ пишува дека неговото тело било пронајдено во неговиот автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема потврда на овие информации.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По последните тензии меѓу Белград и Приштина, Рама повика да се почека истрагата на КФОР

Следно

СО КАЛАШНИКОВ ИЗРЕШЕТАН МАКЕДОНСКИ АВТОМОБИЛ ВО ПРИШТИНА – едно лице загина на лице место!

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните
Go toTop