Косово со итна мерка: Целосно го забрани увозот од Србија по „киднапирањето“ на косовски специјалци

June 14, 2023
1 min read

Белград тврди дека косовските специјалци навлегле длабоко на територијата на централна Србија, додека Приштина обвинува дека станува збор за киднапирање што се случило на косовската страна од границата

Владата во Приштина одлучи попладнево да го забрани влезот на секој вид стоки од Србија во Косово.

Ваквата одлука доаѓа откако денеска од српските сили беа уапсени тројца специјалци припадници на косовската полиција за кои официјална Приштина и домашните медиуми тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили внатре на косовска територија, во близина на меѓудржавната граница на север.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља го обвини Белград дека го прекршува „секој договор и секој принцип на меѓународните норми“ и го повика меѓународниот фактот да го зголеми притисокот врз Србија за да ги ослободи косовските полицајци и да запре со провокациите.

Белград, пак, тврди дека апсењето се случило на српска територија бидејќи косовските специјални навлегле длабоко во централна Србија.

„Оваа терористичка банда е уапсена денеска во 12:38 часот длабоко на територијата на централна Србија во атарот на селото Гњилица во општина Рашка“,

рече на вонредна прес-конференција директорот на владината Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ.

Тој посочи и дека Србија е подготвена да ги понуди сите докази и повика да се отвори меѓународна истрага доколку е потребно.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Следно

Курти бара итно ослободување на косовските полицајци од Србија: Ова е агресија и намера за ескалација

Latest from Blog

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop