Најмалку тројца убиени и 13 ранети во руски ракетен напад на Одеса 

June 14, 2023
1 min read

Според првичните информации на јужната команда на украинската армија, Русија нападот го извршила ноќеска со крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите, како што се наведува, биле соборени од противвоздушната одбрана на градот

Три лица се убиени, а најмалку 13 ранети во ракетен напад што руските сили го извршиле врз градот Одеса, на југот на Украина, соопшти украинската војска. 

Последиците од ракетниот напад врз Одеса/Фото: State Emergency Service Of Ukraine

Според првичните информации на јужната команда на украинската армија, Русија нападот го извршила ноќеска со крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите, како што се наведува, биле соборени од противвоздушната одбрана на градот.  

Од командата на украинската армија, преку објава на Фејсбук, соопштија дека по нападот е пријавен пожар во близина на деловен центар, во кој бил зафатен и магацин на трговскиот објект.  

Експлозиите во Одеса одекнале ноќеска околу 2:30 часот по локално време, по што избувнал пожар, а небото над градот било прекриено со големо количество чад.  

Според јужната команда на украинската армија, руските сили истрелале четири крстосувачки ракети „Калибр“ кон градот. 

Фрагменти од проектил оштетиле деловен центар, образовна институција, станбен комплекс и продавници во центарот на градот. 

 Командата наведува дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата погодени во ракетниот напад.  

Во тек е акцијата на спасувачките екипи за расчистување на последиците од нападот и пронаоѓање на евентуално заробени лица под урнатините, пишува Гардијан.  

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД: Доналд Трамп се изјасни дека не е крив во случајот со доверливите документи

Следно

Израел изведе воздушни напади врз главниот град на Сирија

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop