САД: Доналд Трамп се изјасни дека не е крив во случајот со доверливите документи

June 14, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа се изјасни за невин по 37 точки од обвинението што го подигнаа федералните обвинители поврзано со неговото наводно задржување доверливи државни документи откако ја напушти функцијата, јавува Анадолу.

Според повеќе извештаи, Трамп во федералниот суд во Мајами, Флорида, се изјаснил како и што се очекуваше.

Трамп стана првиот поранешен американски претседател кој се соочува со федерални обвиненија кога минатата недела беше обвинет од големата порота на Флорида. Тој се соочува со одвоени државни обвиненија во врска со неговиот бизнис во Њујорк.

Трамп се соочува со 37 обвиненија, вклучително и 31 точка за намерно задржување информации за националната одбрана, од кои повеќето се поврзани со документите запленети кога ФБИ во август изврши претрес на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго. Единаесет од тие обвиненија се однесуваат на документи што адвокатот на Трамп им ги предал на истражителите на ФБИ во јуни.

Трамп се соочува со дополнителна точка од обвинението за заговор за попречување на правдата заедно со Волтин Наута, неговиот воен помошник во Белата куќа, кој продолжи да му служи како негов личен помошник откако ја напушти должноста во јануари 2021 година.

Тие се товарат и за држење на документи или записи, за коруптивно прикривање документи или записи, за криење документи во федерална истрага и за спроведување на план за прикривање.

Трамп и Наута беа обвинети по една точка и за давање лажни изјави пред федералните истражители.

Обвинението е поднесено во четвртокот во јужниот округ на Флорида, откако беше вратено од големата порота.

Трамп тврдеше дека случајот против него е политички мотивиран, а ова обвинение го негира специјалниот советник Џек Смит, кој американскиот државен обвинител Мерик Гарланд во ноември го повика самостојно да спроведе федерална истрага.

Говорејќи по објавувањето на обвиненијата во петокот, Смит рече дека примената на американскиот закон и собирањето на фактите „го одредуваат исходот од истрагата“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Радост во Лабуништа по затворањето на уште два каменолома

Следно

Најмалку тројца убиени и 13 ранети во руски ракетен напад на Одеса 

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop