Драмски театар во Прилеп ја крена публиката на нозе со „Чудна случка со кучето во ноќта“, овации за ТДМ и „Роња, ќерката на ограбувачот“

June 13, 2023
1 min read

Драмскиот театар Скопје синоќа во Прилеп, каде што е во тек Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ја крена публиката на нозе по изведбата на „Чудна случка со кучето во ноќта“. Долги аплаузи и овации добија и актерите од екипата на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци.

За денеска, 13 јуни, се најавува богата фестивалска програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“.

Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Ќе учествуваат учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп – Марија Јованоска, Иван Здравески, Ангела Чупетреска и Стефан Петрески. Нивни ментор е Мартин Наумоски, а низ работилниците ги водеше едукаторот Милош Б. Андоновски.

Еден час подоцна во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ на која ќе учествуваат режисери, театарџии, гости на фестивалот.

Претставата „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, на театарот „Антон Панов“ од Струмица ќе гостува на сцената на Центарот за култура во 19 часот. Во претставата играат: Стојан Велков-Трн, Коста Ангов, Ангелина Тренчова-Ангелова, Танкица Стојанова, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Ванчо Василев и Игор Тодоров.

Во 22 часот на сцената на Центарот за културата „Марко Цепенков“ гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу.

На четвртиот фестивалски ден беше организирана промоција на „Еуродрам“, посветена на драмски превод, со фокус на наградите за превод на оваа мрежа. Иван Додовски од „Еуродрам“, посочи дека драмскиот превод е многу важен и треба да им се даде можност на преведувачите да преведуваат драми, а потоа да се играат. „Еуродрам“ е европска мрежа за драма и театар, мрежа која обединува јазични комитети од 30 земји од Европа и има за цел да овозможи споделување на текстови пишувани од оригинално на еден од европските јазици.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се Министерството за култура и Општина Прилеп.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси запрен на пасошка контрола во Кина

Следно

Доналд Трамп и убиството во Ориент експрес

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop