ДУИ: Инспекторатот за употреба на јазиците да си ја врши работата на или да следуваат оставки

July 21, 2026
1 min read

Соопштение за јавност на ДУИ:

Веќе втор ден по ред, Инспекторатот за употреба на јазиците продолжува да молчи, додека градоначалникот на Град Скопје отворено ги прекршува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.

Градоначалникот на Скопје не само што не го исправи прекршувањето, туку одлучи целосно да го игнорира револтот на Албанците. Нема одговор, нема образложение, нема извинување и нема никаква подготвеност да се почитува законот. Ваквото однесување покажува институционална ароганција и уверување дека албанскиот јазик може да биде исклучен без никакви последици.

Уште посериозен е молкот на институцијата што постои токму за вакви случаи. Инспекторатот се финансира од парите на граѓаните, има администрација, надлежности и јасна одговорност да ги утврдува прекршувањата, да наложува нивно отстранување и да презема мерки против институциите што не го применуваат законот.

Директорот на Инспекторатот е платен да постапува, а не да молчи. Тој не може да се крие зад својата канцеларија додека законот јавно се прекршува во главниот град. Секој ден молк го прави соодговорен за толерирањето на ова прекршување и за деградирањето на институционалната положба на албанскиот јазик.

Бараме веднаш:

* да се отвори инспекциска постапка;
* официјално да се утврди прекршувањето;
* да се наложи итна корекција;
* да се преземат законски мерки против одговорните лица;
* јавноста да биде информирана за преземените дејства.

Доколку директорот не е подготвен или не е способен да ја извршува одговорноста што му е доверена, тогаш мора без одлагање да поднесе оставка.

Град Скопје со години беше пример за почитување на двојазичноста и на неговиот мултиетнички карактер. Актуелниот обид албанскиот јазик да се истисне од јавниот и институционалниот простор претставува намерна провокација и опасно враќање назад.

Ќе ја продолжиме оваа битка секој ден, со сите законски, институционални и политички средства, сè додека законот не биде целосно почитуван и албанскиот јазик не биде вратен на местото што му припаѓа во Град Скопје.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

Следно

Божиновска: Иднината на енергетиката е во паметните мрежи и складирањето на зелената енергија

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop