(ВИДЕО) Германскиот парламент со резолуција ќе потврди дека македонскиот народ и јазик се добредојдени во ЕУ

June 12, 2023
5 mins read

Германскиот парламент – Бундестагот, в четврток, 15 јуни, ќе расправа за процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија и се очекува да усвои резолуција со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на тој пат, потврдуваат во интервју за „360 степени“ пратениците во Бундестагот, Томас Хакер и Борис Мијатовиќ. Најавата на веб-страницата на германскиот парламент за дебатата на оваа тема е илустрирана со сложувалка во која еден дел од знамето на ЕУ е македонското државно знаме. На резолуцијата треба да се гледа во контекст на домашната политичка дебата за уставните измени и на барањата на опозицијата за дополнителни гаранции

Томас Хакер од либералите и Борис Мијатовиќ од зелените – и двајцата дел од владејачкото мнозинство во пресрет на дебатата за европскиот пат на Северна Македонија, в четврток на пленарна сесија на Бундестагот очекуваат дека резолуцијата ќе добие поддршка и од опозициските демохристијани од ЦДУ.

360°: Ќе може ли да објасните за каков документ, кој вие го туркате во германскиот Бундестаг, всушност станува збор?

„Сакаме да ги осигуриме граѓаните на Северна Македонија дека германскиот Бундестаг го гледа напредокот од последните години и сакаме да ве увериме вас, граѓаните на Северна Македонија, но и македонскиот парламент и влада, да ве осигуриме дека патот кон ЕУ може да биде силен и моќен и дека може да го изодиме наредниот чекор. Имаме ситуација со една земја сосед на Северна Македонија, која не е толку позитивно расположена за овој пат, но изнајдовме европски компромис меѓу Северна Македонија и Бугарија и сакаме да направиме сè што можеме за да имаме успешен пат на Северна Македонија кон ЕУ“,

вели Томас Хакер.

„Зборуваме за резолуција – германскиот парламент зборува за проширување на ЕУ и германскиот парламент би сакал да нагласи дека секој напредок во оваа насока е добредојден, особено напредокот што Северна Македонија го направи во изминатите години, кој е извонреден и би сакале да го поддржиме. Кога станува збор за тешки теми, би сакале да кажеме дека го поздравуваме проширувањето на културниот и социјален диверзитет на ЕУ. Македонскиот јазик е добредојден, македонскиот народ е добредојден, државата – Северна Македонија е добредојдена да ѝ се приклучи на ЕУ и ние сакаме, во детали, да кажеме – во ред, сега е моментот да ги впериме рефлекторите, да ѝ покажеме на ЕУ дека има напредок во проширувањето, дека граѓаните прават напори да ѝ се обратат на ЕУ за членство и ние тоа го поздравуваме. Ова се главните поенти за кои зборуваме, а има и уште неколку точки. Во резолуцијата може да видите дека им велиме добредојде на граѓаните на Северна Македонија во диверзитетот што веќе го имате и во кој веќе живеете, вие сте многу добар пример за мирољубива коегзистенција на многу култури, наследства, религии и вие сте повеќе од добредојдени да ѝ се приклучите на ЕУ. Извонредно е што владата и граѓаните на Северна Македонија досега покажаа – членство во НАТО, претседателство со ОБСЕ итн… Вие веќе сработувате многу нешта, што е извонредно и со оваа резолуција би сакале да покажеме, како германски парламент, и се надевам со сите парламентарни партии и фракции, да ја поддржиме оваа резолуција велејќи – вие сте повеќе од добредојдени“,

вели за „360 степени“, Борис Мијатовиќ.

Борис Мијатовиќ, пратеник во Бундестагот, член на Зелените

360°: Г. Мијатовиќ, зборувате за јазик, култура, диверзитет, а вие, г. Хакер, зборувате за отворените прашања што С Македонија ги има со еден од соседите, Бугариja. Претпоставувам дека го знаете стравот на јавноста и на граѓаните за јазикот, идентитетот, а сето тоа поврзано со правењето компромиси со една земја членка. Дали овој аспект е опфатен во резолуцијата на Бундестагот?

„Секако, овој аспект е опфатен со резолуцијата и тоа е суштината на резолуцијата – дека ги почитуваме и ги гледаме македонскиот јазик и македонската култура и македонскиот народ, кој работеше и презеде многу реформи, па дури и го промени името на земјата. Ние го гледаме тоа, го почитуваме, многу сме благодарни за вашите напори на патот кон ЕУ и Германија е на ваша страна. Со нашата резолуција, за која се надеваме дека ќе ја поддржат не само владејачките, туку и главните опозициските партии, сакаме да ви покажеме вам и на вашите граѓани дека има широка поддршка… ЕУ живее од компромиси, а тоа не секогаш е лесно, кога имате силно убедување во вашите мислења, но компромисите ни помагаат на патот кон подобра иднина и сакаме на Северна Македонија да ѝ дадеме економска помош, помош за натамошни реформи, но истовремено потенцираме дека ги гледаме македонската култура, македонскиот јазик, македонскиот народ, надевајќи се наскоро како дел од ЕУ“,

смета Хакер, кој доаѓа од пратеничката група на Либералите.

Томас Хакер, члeн на Бундестагот од редовите на Либералите

360°: Знам дека сте свесни за политичката ситуација што ја предизвика ова прашање во Северна Македонија кое, пак, е поврзано со натамошниот напредок во евроинтеграциите. Тоа, пак, нè води кон потребата од уставни измени – вметнувањето на Бугарите. Дали имате некаква порака за политичките партии кои не ја поддржуваат ваквата иницијатива за промена на Уставот?

„Оваа резолуција е нешто што ние, во германскиот парламент, го преземаме пред сè бидејќи ја гледаме ситуацијата и дека сакаме да избегнеме понатамошна несигурност. Не можеме да се мешаме во вашата политичка сфера и не сакаме да го правиме тоа. Не ја поддржуваме владата или опозицијата зашто веруваме дека и едните и другите се заинтересирани за европската интеграција – тоа го чувме за време на нашите посети на регионот, од размената на мислења со опозицијата и владата за време на многуте посети. Увидовме дека е важно да се има… Ако има несигурност, можеме во едно да ве увериме – вие сте добредојдени, за тоа нема дилема во ЕУ. Го покажуваме овој знак – добредојдени сте, сакаме да се осигуриме дека го следите овој пат, дека има шанса за тоа да се направи, ајде да го искористиме моментот, можеби има компромис и во вашата земја, запознаен сум со дебатите, но сега… Знаете, дозволете ми да кажам, ЕУ има широка разновидност, нè има 27 земји членки, има разни групи во смисла на историско наследство, етничка припадност, религиска и културна припадност и ние сме уверени дека овој континент живее, а основата за овие различни нешта и диверзитет е волјата за мир. Тоа е основата, темелот на ЕУ и тоа е нашата позиција кога велиме – ја правиме оваа резолуција зашто чувме за овие несигурности, и ние ги видовме дебатите, со оваа резолуција, би сакале да пратиме сигнал дека сте повеќе од добредојдени, ве молиме искористете ја оваа шанса. Ако сакате, со ЕУ може за сè да дебатирате, секако, понатаму во преговарачките поглавја, но главниот договор е дека Северна Македонија треба да е дел од ЕУ, тоа е договорено и ние ова го потенцираме“,

вели Мијатовиќ.

360°: Ако може да парафразирам – велите ли дека доколку овој услов не се исполни до крајот на годината, дека тогаш Македонија, на извесен период, ќе го пропушти возот за ЕУ?

„Всушност, имаме „прозорец на можности“ за забрзување на процесот на прием во ЕУ и би сакале да го искористите овој прозорец. Ако не може да се стигне до компромис, а знаеме колку тоа е тешко за граѓаните и за парламентот на Северна Македонија, ќе имаме ситуација во која ќе се соочиме со избори за Европскиот парламент, па ќе се формира нова европска комисија, а тоа одзема многу време. Оттука, до наредната пролет го имаме овој „прозорец на можности“ да продолжиме со процесот и сакаме да ја поканиме Северна Македонија, нејзините граѓани, да го продолжат патот заедно со ЕУ. Тоа е покана, тоа е наша желба, но, секако, за тоа треба вие самите да решите. Истовремено, сакаме да бидеме јасни, да потенцираме дека стоиме со вас без разлика што ќе решите. Се надеваме на напредок, посакуваме напредок, сакаме да ви помогнеме да напредувате, но тоа е одлука на Северна Македонија. 24 февруари 2022 година промени сè во светот и во Европа. Имаме нова ситуација на разговори за проширување за Украина, Молдавија, Грузија, но секако и за земјите од Западен Балкан, кои се многу подолг период во процесот на пристапување кон ЕУ. Северна Македонија е држава која направи многу нешта за да напредува во процесот, имаше и еден сосед кој долг период го попречуваше почетокот на преговори, приемот во НАТО… Кога овој чекор беше преземен, сите бевме среќни и рековме сега е можно да се забрза процесот, особено за Северна Македонија, и ние сакаме да го задржиме овој момент. Знаеме што бараме од вас, но сакаме да се осигуриме дека ќе ви помогнеме со тоа што ќе бидеме на ваша страна“,

вели Хакер во интервјуто за „360 степени“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЕ НЕМА ОТРЕЗНЕТО ОД ФИНАЛЕТО ВО ЛШ – цела Европа му се смее на фудбалерот на Манчестер Сити, еве што направи на прославата (ВИДЕО)

Следно

Шведска ќе екстрадира осуден член на Курдите во Турција

Latest from Blog

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА

Индија: Авиокомпаниите добија речиси 1.000 лажни предупредувања за бомби оваа година

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Речиси 1.000 лажни закани за бомби беа испратени до авиокомпаниите во Индија оваа година, известува Анадолу. Индискиот министер за цивилно воздухопловство Мурлидар Мохол објави дека добиле 122 лажни

Ласовска: Да ги фрлиме белите ракавици, да се објават јавно оние луѓе кои го попречуваат владеењето на правото

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, на седницата посветена за пратенички прашања, постави две прашања, од кои првото се однесуваше кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и второто до министерот за

Британец доби кривична пријава за „компјутерска измама“

СВР Штип поднесе кривична пријава против K.K.K. од Обединетото Кралство Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Пријавениот, на 22.02.2022 преку е-маил порака до правно лице

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на
Go toTop