Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

October 20, 2026
1 min read

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона Ханси Флик ги искажа првите впечатоци од средбата на „Парк на принцови“, потенцирајќи дека неговите фудбалери може многу да научат.

Флик вели дека натпреварот бил одличен, но дека противникот кој е актуелен освојувач на Лигата на шампионите, во моментов е „подобар тим“.

„Тоа беше фантастичен натпревар. На крајот, ПСЖ покажа дека е подобар тим од нас. Го загубивме овој натпревар, но научивме многу од него. Тие поседуваат голем квалитет во транзиција. Се обидовме да се одбраниме, што го правевме добро, но во последните петнаесет минути ни недостасуваше свежина. Тоа не е оправдување. Подготовката за овој натпревар не беше најдобра, но сега мораме да го анализираме. Во иднина мораме да бидеме подобри, иако денес некои работи ги направивме навистина добро“, рече Флик.

Тренерот на Барселона посебно го пофали Чави Еспарт, кој на овој натпревар го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, но не можеше да даде подетални информации за повредата на Дани Олмо.

„Чави Еспарт одигра фантастичен натпревар. Постигна гол, а нивото на кое игра е неверојатно. Ќе видиме што е со Олмо. Доби удар, по што почувствува одредена непријатност. Мораме да почекаме“, рече стратегот на Барселона.

Каталонскиот гигант сега се враќа дома за да започне со подготовките за „Ел Класико“ кое ќе се игра на стадионот „Камп Ноу“ во недела на 25 октомври.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО испраќа авиони и дронови кон Црното Море (ВИДЕО)

Latest from Blog

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека
Go toTop