Шведска ќе екстрадира осуден член на Курдите во Турција

June 12, 2023
1 min read

Потегот следува откако Турција ја обвини Шведска оти засолнува курдски активисти, кои ги смета за терористи, и го блокира нејзиното членство во НАТО, барајќи нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на оваа земја за приклучување кон Алијансата

Владата на Шведска денеска соопшти дека ќе екстрадира 35-годишен маж – приврзаник на Курдската работничка партија (ПКК) во Турција, кој во татковината е осуден поради илегална трговија со дрога.

Потегот следува откако Турција ја обвини Шведска дека засолнува членови на терористички групи и побара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на оваа земја за нејзиното членство во НАТО.

Шведското Министерство за правда, кое не го идентификуваше мажот, потврди дека владата во Стокхолм ја одобрила пресудата на шведскиот Врховен суд кој одлучи дека нема пречки за негова екстрадиција.

Триесет и петгодишникот, пак, тврди дека вистинската причина поради која го бараат турските власти се неговите врски со прокурдската Народна демократска партија (ХДП) и поради тоа што покажал поддршка за Курдската работничка партија (ПКК). Тврди оти Анкара го прогонува само поради неговата политичка инволвираност.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО поради попустливост кон курдските активисти на нејзина територија. Анкара бара да бидат екстрадирани десетици поддржувачи на ПКК кои живеат во Шведска и кои ги смета за терористи. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Германскиот парламент со резолуција ќе потврди дека македонскиот народ и јазик се добредојдени во ЕУ

Следно

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствениот браник за заштита на македонскиот национален идентитет

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop