Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

June 12, 2023
1 min read

Во април тој се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време

Во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано утринава, на 86-годишна возраст, почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, јавуваат италијанските медиуми.

Во април тој се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време.

Берлускони имаше низа здравствени проблеми во последниве години. Со години имаше пејсмејкер, имаше операција на срцето во 2016 година и го победи ракот на простата. Во 2020 година прележа и ковид.

Берлускони беше медиумски тајкун кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во сегашната владејачка коалиција.

Тој беше еден од најскандалозните италијански политичари, кој се врати во политиката во 2017 година и покрај кариерата извалкана со секс скандали, безброј обвинувања за корупција и пресуда за даночна измама.

Роден во Милано во 1936 година во семејство од средна класа, Берлускони ја започна својата деловна кариера со продажба на недвижнсоти пред да го основа Медиасет, најголемиот комерцијален радиодифузер во Италија. Тој исто така беше сопственик на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2017 година.

Тој се ожени двапати и беше во врска со Франческа Паскале (37) седум години пред врската со 33-годишната Марта Фасина со која имаше „симболичен брак“ во март 2022 година. Берлускони има пет деца.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина тврди дека го вратила селото Сторожеве во областа Доњецк

Следно

Џани со освоен трофеј се приклучува на репрезентацијата!

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop