Ердоган му честита на Манчестер Сити за освојувањето на титулата во УЕФА Лигата на шампиони

June 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, му честита на тимот на Манчестер Сити за освојувањето на титулата во Лигата на шампиони на УЕФА, јавува Анадолу.

Фудбалерите на Манчестер Сити станаа европски шампиони откако во финалето на олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул го совладаа Интер со 1:0.

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалните мрежи прати честитка до Манчестер Сити.

„Му честитам на тимот на Манчестер Сити кој ја освои титулата во финалето на Лигата на шампиони, едно од најголемите спортски натпреварувања во светот, одиграно на олимпискиот стадион ‘Ататурк’, чиј домаќин беше нашиот Истанбул, лулката на цивилизациите и зеницата на окото на Туркије. Би сакал да им се заблагодарам на сите што уште еднаш го покажаа гостопримството на Туркије и придонесоа за убавата и успешна организација на големото натпреварување“, истакна турскиот претседател.

Англискиот тим ја освои својата прва титула европски шампион, а Интер ја пропушти шансата да го освои трофејот во Лигата на шампиони четврти пат во својата историја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црна Гора денеска гласа на предвремени парламентарни избори

Следно

БЛАЖЕ МИНЕВСКИ ГО ДОБИ РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА РОМАНОТ „АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop