Почна санацијата на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Струмица

June 7, 2023
1 min read

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица, заедно со Министерството за култура, започна со целосна санација на Спомен-костурницата во Струмица како приоритетен проект за тековната 2023 година.

Овој вреден примерок е дело на архитектот Благој Колев и е изграден од армиран бетон и целосно обложен со бел мермер.

Службите на Музејот од Струмица веќе ги завршија активностите за детално чистење на отпадоците од површината и вегетацијата, како и детално чистење на самиот споменик од поликолорот и графитите исцртани на мермерот. Во периодот што следува, продолжува санацијата и реконструкцијата на оштетениот мермер на површината на споменичната целина, како и хортикултурно уредување на Спомен-костурницата.

Спомен-костурницата во Струмица, со комплетната санација, ќе добие нов изглед и ќе стане место и простор каде што ќе се одржуваат различни културни манифестации, концерти, промоции и други активности во иднина.

Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Струмица е изградена на ридот Самораница, на 327 метри н. в., и се простира на површина од 1 509 м2. Изградбата започнала во 1979 година. Моштите на загинатите борци во НОВ со свечен чин биле пренесени и положени во саркофагот на 4.7.1982 година. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков-Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ објави список со фудбалери со кои сака да се раздели

Следно

За кого всушност е тоа Прајдот?

Latest from Blog

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Макпетрол најтргувани; МБИ10 падна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ОРМУЗ – Иран заплени танкер и упати закана до САД

Иранската морнарица го заплени танкерот „Оушн Кои“ под обвинение за обид за нарушување на иранскиот извоз на нафта и националните интереси, објави новинската агенција „Тасним“. Запленувањето го извршиле специјални единици на иранските

Пробиштип со свечена програма го одбележа денот на победата и денот на Европа

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на
Go toTop